Споменикот на Никола Карев е споменик пред Собранието на Република Македонија, во Скопје. Споменикот бил најавен како дел од т.н. проект „Скопје 2014“. Седумметарскиот бронзен споменик го претставува Никола Карев (1877-1905), македонски херој и претседател на Крушевската Република. Излеан во леарницата „Фернандо Маринели“ во Фиренца. Постаментот е висок пет метри и е обложен со травертин и на истиот се поставени четири релјефи со мотиви од македонската историја. Споменикот на Никола Карев, според неофицијални информации чини околу 1 милион евра.

Галерија

Извори

Категорија:Споменици во Скопје Категорија:Собрание на Македонија Категорија:Македонски дела од 2011 година