Кундино — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.

Потекло и значење на името

Според кажувањата и верувањата на мештаните името на селото Кундино потекнува од отоманско време и од турскиот јазик со значење „место за одмор“, „одморалиште“ крај пат, односно место каде застанувале патниците да одморат на патот кога патувале од Кратово кон Пробиштип.Според кажување на Димитрие Игнатов - Мите (65 г.) од с. Кундино. Забележале Марио Шаревски и Дарко Стојчески, на 31.03.2019 во село Кундино

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Поглед на селото

Селото се наоѓа на крајниот северен дел на територијата на Општина Пробиштип, недалеку од патот Пробиштип-Кратово, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Кратово. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 710 метри. Од градот Пробиштип, селото е оддалечено 4 километри.

До селото се стигнува преку регионалниот пат 1205, од каде има исклучување со асфалтен пат до самото село.

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 7,4 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 275 хектари, на шумите отпаѓаат 260 хектари, а на пасиштата 167 хектари.

Во основа, може да се каже дека селото има полјоделска функција.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кундино живееле 154 жители, сите Македонци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 232. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кундино имало 152 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 130-131.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.

Кундино е мало село, коешто во 1961 година броело 353 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 125 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Кундино живееле 81 жител, од кои 79 Македонци и 2 Срби.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 27 жители, од кои 26 Македонци и 1 лице без податоци.

Родови

Селото Кундино отсекогаш во целост е населено само со Македонци од православна вероисповед, при што поголемиот дел се доселенички родови.

Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:

Староседелски родови: Кимовци и Бошковци, а старинци биле и Павловци и Маринковци кои изумреле без потомци во селото. Доселенички родови: Ѓурчиновци, чии предци се доселиле како чифчии во втората половина на XVIII век од селото Безиково во Кочанско; Трајановски водат потекло од лице доселено од селото Трооло во почетокот на XIX век, како домазет во староседелскиот род Кимовци; Кацарци дошле во првата половина на XIX век од селото Горно Кратово како момоци на турски беглик; Стојковци се доселиле во средината на XIX век од соседното село Пробиштип како чифчии; во втората половина на XIX век како чифчии се доселиле родовите Јованчевци од селото Гризилевци, Јуруци од селото Добрево, Вучевци од селото Лесново, Додеви-Дедо Симонови од селото Шлегово.

Општествени установи

Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

Кон крајот на век, Кундино било село во Кратовската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Пробиштип, во која покрај селото Кундино, се наоѓале и селата Горни Стубол, Гризилевци, Добрево, Долни Стубол, Дренак, Калниште, Марчино, Неокази, Петршино, Плешенци, Пробиштип и Стрмош. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Пробиштип, во која влегувале селата Гризилевци, Калниште, Кундино, Неокази и Пробиштип.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1557 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватна куќа.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 26 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 27 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Цркви Црква „Св. Јован Опсечен“ — главна селска црква.

Споменици Спомен-плоча посветена на загинати борци на НОБ

Езера Кундинско Езеро — природно езеро со басен од вулканско потекло на еден километар североисточно од селото

Реки Кундинска Река — мала река низ селото

Галерија

Поврзано Општина Пробиштип Пробиштип

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Пробиштипски села Категорија:Села во Општина Пробиштип