мини|Зграда на островот во Јанинското Езеро, во која беше убиен Али-паша Јанински. Фотографија на браќа Манаки (Јанина, 1898 година) Али-паша Јанински ( - ) — османлиски феудалец од албанско потекло, паша на Јанина, а потоа одметник од централната османлиска власт и независен владетел. По верното подаништво на султанот Селим III, се осамостоил и се прогласил за независен владетел на Албанија, Епир и Мореја (Пелопонез) (1803), а потоа ја проширил својата власт и во Македонија, Тесалија и Грција. Поради суровоста во управувањето, влегол во народната традиција како беспримерен зулумќар. Воспоставил дипломатски врски и влегол во преговори со Наполеон, а потоа и со Англија. По двегодишна војна со султанот Махмуд II, со измама бил заробен и убиен.Охрид и Охридско низ историјата, книга втора. Од паѓањето под османлиска власт до крајот на Првата светска војна, ИНИ, Скопје, 1978
Наводи
Категорија:Паши Категорија:Јанина Категорија:Луѓе од Јанина Категорија:Родени во 1740 година