Елмхулт (швед. Älmhult) е гратче и административен центар на општината Елмхулт во округот Крунуберг, Шведска. Населението брои 8.518 жители (2005).
Стопанство
Во Елмхулт е изградена првата продавница на IKEA. Фирмата и денес е присутна во местото со голем број на канцеларии.
Образование Местото има средно училиште и десетгодишно меѓународно училиште.
Знаменитости Недалеку од Елмхулт се наоѓа поседот Росхулт, кајшто е роден ботаничарот Карл Лине (1707-1778). Во гратчето има и голема стилизирана скулптура на столица која е воедно и негово обележје.
Наводи
Надворешни врски
Портал на општината Елмхулт
Галерија
Категорија:Населени места во Шведска Категорија:Крунуберг