Кирил Стојанов(ски) (Локов, Малесија, 14 март 1909 - 31 јануари 1971) ― македонски свештеник и учесник во НОАВМ.Славко Димевски, Историја на македонската православна црква, Скопје, 1989;
Животопис
Стојановски е роден во струшкото село Локов на 14 март 1909 година. По Априлската војна во 1941 година, тој му пристапил на НОД. Бил свештеник на Чоковската парохија, а потоа како бригаден свештеник го осветил знамето на Првата македонска НОУБ на 11 ноември 1943 година. Бил избран за член на Верското поверенство при ГШ на НОВ и ПОМ и учесник на Првото заседание на АСНОМ. Како особено истакнат протојереј, по Ослободувањето бил организатор на црковниот живот во Македонија.Јован Белчовски, Историските основи на автокефалноста на Македонската православна црква, Скопје, 1986
Наводи
Категорија:Луѓе од Локов Категорија:Македонски свештеници Категорија:Југословенски свештеници Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Делегати на Првото заседание на АСНОМ