Конституциона зора бил весник на Реформската струја од Македонската револуционерна организација.
Започнал да излегува веднаш по Младотурската револуција, на 8 август 1908 година. Излегувал двапати седмично и до 3 јануари 1909 година се појавиле 35 броја. Во договор со Христо Чернопеев, кој го издавал весникот „Единство”, по формирањето на Народната федеративна партија, двата весника се споиле во весник под името „Народна волја”.
Категорија:Весници на Македонската револуционерна организација