Длабочица — село во областа Славиште, во Општина Крива Паланка, во околината на градот Крива Паланка.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Куќа во селото Длабочица

Селото се наоѓа во областа Славиште, во западниот дел на територијата на Општина Крива Паланка, и западно од самиот град Крива Паланка, на оддалеченост од околу 12 километри. Селото е раштркано, чии маала се наоѓаат на надморска височина од 930 до 1.100 метри.

Куќите на ова село се наоѓаат помеѓу Длабочичка Река на запад и Баштевска Река на исток. Во долниот тек на селото, двете се спојуваат во една, која подоцна се влева во Крива Река. Селото е во насока северозапад-југоисток. Околни села се Петралица на запад, Баштево на север, Габар на север и Т’лминци на исток.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Градиште, Осоје, Врањски Гробишта, Средња ’Ртина, Чанкине Куќе, Аџијци, Деда-Митревци, Клисари, Просеченик, Парлапанци, Долно Поле, Селиште и други.

Селото има разбиен тип. Се дели на следниве маала: Клисарско, Аџијско, Деда-Митревско, Брдачко и Чанкина. Многу од самите маала се поделени на помали групи на куќи, кои една од друга се доста издвоени.

Селото се наоѓа близу до главниот пат Крива Паланка-Куманово, на ридско-планински предел.

Историја

За минатото на селото се знае многу малку. Сепак, во селото се пронајдени старини. Градиште на устието на Длабочичка Река во Крива Река е стрмно карпесто возвишување, во близина на месноста Врањски Гробишта.

Во историските извори се наведува селото Глобочица. Податокот потекнува од 1355 година. Некои автори сметаат дека се работи за денешното село Длабочица.

Едно предание наведува дека ова село некогаш имало само 5-6 куќи, сместени во денешното Клисарско Маало, во горниот дел на селото. Меѓутоа, тие жители развиле активен сточарски живот. Поради тоа, на атарот на селото постоеле сточарски трла, кои во век постепено биле претворени во издвоени маала.

Во век, Длабочица било село во Кривопаланечка Каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Атарот е голем и зафаќа простор од 12 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 516,6 хектари, на пасиштата отпаѓаат 434 хектари, а на шумите само 56,5 хектари.

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.

Мештаните се занимавале со земјоделство и со сточарство, но во поново време, многу ниви се останати необработени поради иселувањето на жителите.

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Длабочица имало 500 жители, сите Македонци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 224. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Длабочица имало 576 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 142-143.

По Првата светска војна селото имало 544 жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.

И во ова село, населението се преполовило. Така, во 1961 година селото броело 510 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 208 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Длабочица живееле 144 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 77 жители, од кои 59 Македонци и 18 лица без податоци.

Родови

Длабочица е македонско село, населено со македонски родови, кои се староседелци и доселени. Доселени се само оние кои живеат во Чанкино Маало.

Според истражувањата од 1973 година, родови во селото се:

Староседелци: Клисарци (13 к.), Аџијци (13 к.), Дедо-Митровци (9 к.) и Брдарци (8 к.), сите си живеат во посебни маала. Доселеници: Чанкинци (7 к.), живеат во посебно маало. Доселени се од селото Псача.

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:

Староседелци: Аџијци (17 к.) се делат на Баба Ристенци, Вучковци, Митровци и Кенѕа или Станковци. Грци (14 к.), се делат на Ѓоринци и Баба Јанинкинци. Клисарци (12 к.), се делат на Камењарци, Гаванци, Вукинци, Лубарци и Муставинци. Брдарци (6 к.) Доселеници: Маса или Стојановци (1 к.) доселени се 1865 од селото Огут во Горна Пчиња; Метежевци (1 к.) доселени се околу 1870 година од селото Метежево во Горна Пчиња; Чанкинци (2 к.) доселени се од селото Псача; Попиќовци или Мечкарци (1 к.) доселени се во 1937 година од селото Баштево; Агушевци (1 к.)'' доселени се од Крива Паланка во 1936 година. Они биле Роми.

Општествени установи

мини|300п|десно|Поглед на поранешното основно училиште мини|300п|десно|Влезот во гласачкото место во селото мини|300п|десно|Поглед на главната селска црква „Св. Никола“

Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Крива Паланка, која била една од малкуте општини, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка.

Во периодот 1952-1955, селото било средиште на тогашната општина Длабочица, во која покрај селото Длабочица, се наоѓале и селата Баштево, Борово, Мождивњак, Псача и Т’лминци. Општината Градец постоела и во периодот 1950-1952.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0966 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште. Во избирачкото место е опфатено и селото Баштево.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 232 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Градиште — градиште од доцната антика; и Селиште — населба од доцната антика.

Цркви Црква „Св. Никола“ — главна селска црква, сместена во Клисарско Маало, изградена по Првата светска војна Црква „Вознесение Христово“ — понова селска црква

Реки Баштевска Река — тече низ селото, се влева во Крива Река Длабочичка Река — тече низ селото

Редовни настани

Илинден — овој празник се слави како селска слава. Се организира и турнир во мал фудбал на игралиште на ФК „Крива Река“.

Личности Личности родени во Длабочица:

Трајко Петковски (1920-1944) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ

Иселеништво

Длабочица — село во кое тешко се живее. Повоени иселеници највеќе има во Скопје (20 семејства). Родот Алексовци се иселил во селото Клечевце кај Куманово.

Галерија

Наводи

Поврзано Славиште Општина Крива Паланка Крива Паланка

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кривопаланечки села Категорија:Села во Општина Крива Паланка Категорија:Села со слава Илинден во Македонија