Спомен-домот на Блаже Конески - објект т.е. спомен-дом кој се наоѓа во прилепското село Небрегово во Општина Долнени. Овој објект како значаен споменик на културата, припаѓа на руралната архитектура. Оваа куќа е родниот дом на великанот на македонската книжевност, академик Блаже Конески.

Градбен стил на куќата Опис Неговата концепција е одраз на времето, просторот и поднебјето во кој е создаден и по сите проценки е изграден кон крајот на XIX век или на почетокот на XX век. Тоа е куќа на кат, објект од т.н. затворен тип, без посебно издвоен отворен дел од чардак. Помошните објекти кои го заокружуваат економскиот живот на домаќините се сместени периферно на парцелата.

Реставрација Во 2006 година, бил изработен и реализиран проектот за реставрација, конзервација и ревитализација на објектот. Според проектот, куќата на поетот била уредена во духот на архитектонскиот стил од крајот на 19 век, кога и била изградена. Оградата и објектите во дворот биле обновени и го задржале својот автентичен изглед, а дел од собите биле претворени во музејски простории и места за културни средби. Обновата на куќата чинела околу 140.000 евра.

Наводи

Надворешни врски Спомен дом на Блаже Конески Негрижата ќе ја урне куќата на Конески

Категорија:Небрегово Категорија:Музеи во Македонија Б Блаже Конески