Масакрот во Куманово (средина на јануари 1945) бил извршен од страна на припадници на ОЗНА врз 48 осудени лица од Кумановско. Со пресуда на Советот на Кумановското воено подрачје, донесена на 14 јануари 1945 година, на тајно место биле стрелани лица за кои имало сомневања дека работеле како соработници на окупаторот. Ова е последното официјално масовно стрелање во ослободена Македонија. Натамошните масовни стрелања биле забранети, меѓутоа на 15 јануари уследил Масакрот во Велес.

Поврзано Крсто Лазаров, водач на кумановската контрачета

Литература Македонска енциклопедија (втора книга). „МАНУ“, Скопје, 2009, 925 стр.

К К К Категорија:Историја на Куманово