Владимир Поп Томов (8 февруари 1890 - 1 мај 1952) — македонски револуционер и бугарски политичар од македонско потекло, учесник во македонското револуционерно движење, деец на ВМРО (Обединета) и Бугарската комунистичка партија, а по Втората светска војна бил министер за надворешни работи и потпретседател на Министерскиот совет во Народна Република Бугарија.
Животопис Владимир Поп Tомов е роден на 8 февруари (27 јануари стар стил) 1890 година во Белица, во тоа време дел од Отоманското Царство. Завршува педагошко училиште во Сер во 1911 година, по што извесно време е учител во Банско. Во 1912 година станува член на Бугарската работничка социјалдемократска партија (тесни социјалисти), подоцна преименувана на БКП. Во 1914 завршува Школата за резервни офицери во Софија и за време на Првата светска војна служи како потпоручник во бугарската армија.Ташев, Ташо. Министрите на България 1879-1999. София, АИ „Проф. Марин Дринов“ / Изд. на МО, 1999
По војната Поптомов учествува во раководството на БКП во Петрич и Горна Џумаја, а во 1920 година е избран за пратеник. По неуспехот на Септемвриското востание во 1923 година се повлекол во реонот на Разлог, а потоа емигрира во Југославија, во 1924 година е осуден во отсуство на смрт. Според друг извор, бил заробен за време на востанието од чета на ВМРО, но подоцна е ослободен.Македония - история и политическа съдба, Том II, ИК Знание, София, 1998, стр. 122.
Во 1925 година станува еден од основачите на ВМРО (обединета) и нејзин политички секретар, а до 1933 година е и главен уредник на весникот „Македонско дело“.
Во 1934 година заминува за Москва, каде што станува член на Советската комунистичка партија и работи во Комунистичката интернационала. Во 1936 година на судскиот процес против ВМРО (обединета) во Бугарија, во отсуство е осуден на 12,5 година затвор.Добринов, Дечо. ВМРО (обединена), Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 236
На Второто заседание на АВНОЈ во ноември 1943 година Поп Томов, заедно со Димитар Влахов, е предложен за член на Президиумот на АВНОЈ, но тој, за разлика од Влахов, ја одбива оваа понуда.
Во 1944 година се враќа во Бугарија и станува член на Политбирото на Централниот комитет на БКП. Од 1945 до 1949 година е главен уредник на весникот „Работничко дело“, официјален орган на БКП.
Во 1948 година добива професорска титула. Во 1948-1949 е главен секретар на Националниот совет на Татковинскиот фронт. Од август 1949 до мај 1950 година е министер за надворешни работи, а од јануари 1950 година до својата смрт е потпретседател на Министерскиот совет.
Наводи
Надворешни врски Вл. Поптомов, „Македонското освободително движение и работническата класа на Балканите“
Категорија:Вицепремиери на Бугарија Категорија:Предавачи на Софискиот универзитет Категорија:Членови на Македонскиот научен институт Категорија:Дејци на ВМРО (Обединета) Категорија:Дејци на БКП Категорија:Македонци во Бугарија Категорија:Апсолвенти на Софискиот универзитет Категорија:Починати во Софија Категорија:Родени во 1890 година Категорија:Починати во 1952 година