Вржогрнци — село во Општина Ранковце, сместено во областа Славиште, во околината на градот Крива Паланка.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во крајниот западен дел на Општина Ранковце. Оддалечено е 7 килиометри од општинското средиште Ранковце и 26 километри западно од Крива Паланка. Претставува село од растурен маалски тип.

Историја

Се верува дека на местото на денешното село постоела населба од доцното античко време

Стопанство

Населението во селото главно се занимава со сточарство. Во селото нема никакви стопански или услужни објекти.

Население

Според податоците од пописот во 2002 година во Вржогрнци живеат 29 жители сите од македонско етничко потекло и со православна вероисповед.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 18 жители, сите Македонци.

Родови

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:

Староседелци: Мишинци (4 к.), Воловарци (2 к.) и Џукели (1 к.) Доселеници: Груинци (4 к.) доселени се околу 1900 година од селото Отошница.

Самоуправа и политика

Селото се наоѓа во Општина Ранковце, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка, додека во периодот по војната од 1957 до 1962 година селото било седиште на некогашната општина Ранковце, каде што се наоѓало и во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото исто така се наоѓало во тогашната општина Ранковце, во која покрај Вржогрнци се наоѓале и селата Ветуница, Гулинци, Лубинци, Одрено, Опила, Отошница, Радибуш, Ранковце и Станча. Самата Општина Ранковце била дел од Кривопаланечката околија. Општината Ранковце постоела и во периодот 1950-1952 година.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кривопаланечки села Категорија:Села во Општина Ранковце