Штребек е мало село во Саксонија-Анхалт, Германија, во близина на градот Халберштат. Селото е и поранешна општина во округот Харц. Од 1 јануари 2010, е дел од градот Халберштат. Познато е како Schachdorf (село на шахот), поради долгата историска врска со шахот. Селото има околу 1.200 жители.
Првото спомнување на селото во историјата било во 995 година. Меѓутоа, главниот историски факт, кој се одиграл во селската историја е во 1011. Според легендата, Арнулф, бискуп на Халберштат, бил затворен од војводата Гунцелин. Тој го направил тоа во Wartturm, кула во Штребек и им наредил на локалните фармери да го чуваат. Во текот на досадата во затворот, Гунцелин го создал шаховска табла во собата и ги учел неговите чувари на играта. Играта станала традиција помеѓу месното население, иако отпрвин мислеле дека се работи за игра за деца.
Локалното училиште е единственото јавно училиште во Германија, во кое се изучува шах како дел од наставата и со тоа е започнато од 1823. Почнувајќи од 2004, училиштето е под закана дека ќе биде затворено, поради премалку ученици.
Штребек е дел од мрежата Културно село во Европа и бил домаѓин во 2006 (види ја надворешната врска).
Познати жители
Едвард Саломон (1827–1909), политичар
Надворешни врски
Штребек - културно село 2006
Категорија:Села во Саксонија-Анхалт Категорија:Историја на шахот Категорија:Шахот во Германија Категорија:Халберштат