Остервик () — историски град во округот Харц, во сојузната покраина Саксонија-Анхалт, Германија. Се наоѓа на реката Илзе, северно од Вернигероде и планинскиот масив Харц. На 1 јануари 2010 општините од поранешната заедница на општини Остервик-Фалштајн се припоија кон Остервик.
Стариот град (Алтштат) со црквата Свети Стефан е станица на сценскиот германски пат на дрвото и на Патот на романиката.
Историја
Населбата била првпат спомената околу 780 година, кога Карло Велики во текот на Саксонските војни ја поминал реката Окер и изградил црква посветена на Свети Стефан на плоштадот, подоцна наречен Залингенштеде (Salingenstede). Оваа црква станала средиште на христијанската мисија над паганците Саксонци, набљудувана од Хилдегрим од Шалон и потеклото на подоцнежната Халберштатска епископија. На 1 април 974 година, царот Отон II му доделил пазарни и монетни права на градот, што најчесто се смета и како датумот на основање на градот.
Името Остервик било првпат споменато во 1073 година во писмото на надбискупот Лимар од Бремен на епископот Бурхард II од Халберштат. Уништен од пожарот во 1511 година, градот бил повторно изграден и денес се одликува со околу 400 градби во стилот „фахверк“. Наосот на црквата Свети Стефан е подигнат во век, која е една од најстарите протестантска цркви, додека нејзините романски двојни куполи потекнуваат од 1100 година.
Меѓународни односи
Остервик е збратимен со следниве градови:
Хорнбург, Германија Ардувал, Ле Гранд-Вант и Сен Елие во департманот Приморска Сена, Франција
Познати луѓе
Винфрид Фројденберг (1956–1989), последната жртва на Берлинскиот ѕид, е роден во Остервик
Наводи
Надворешни врски
Службена страница
Категорија:Градови во Саксонија-Анхалт Категорија:Градови во Харц Категорија:Остервик Категорија:Харц (округ) Категорија:Саксонија (пруска покраина)