Турци(Türkler) <small> Вкупен број на населението 60,000,000Турци Региони каде што живее етничката група Јазик турски Религија претежно ислам

Турците се туркиски народТуркиски народи генерално поврзан со Турција и со турскиот јазик. Турците настанале со мешање на туркиските племиња со индоевропските народи (Персијците, Ерменците, Грците, Курдите и Словените). Бројноста на Турците е околу 80 милиони луѓе од кои најголемиот дел живее во матичната земја Турција, а големи турски заедници има и во Германија (околу 2,7 милиониТурци во Германија), Бугарија (800 илјади), Кипар (180 илјади или 18,3% од вкупното население, претежно населени во северниот дел), Грција, Белгија, Франција, САД итн. Според пописот од 2002 година, во Република Македонија како Турци се изјасниле 77.959 луѓе. Според верската припадност, мнозинството Турци (околу 98%) му припаѓаат на сунитскиот ислам.

Турците како тема во уметноста и во популарната култура

Турците како тема во книжевноста „Еро и Турчинот“ (Еро и Турчин) - српска народна приказна.Народне приповетке. Београд: Просвета, 1963, стр. 150.Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 413-414. „Што е најлошо на светот, или Пијан Србин и гладен Турчин“ (Шта је најгоре на свијету, или Пијан Србин и гладан Турчин) - српска народна приказна.Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 412. „Мало Турче, ама чисто турски зборува“ - македонска народна приказна.Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 17. „Итар Пејо и Турчинот“ - расказ на македонскиот писател Стале Попов.Стале Попов, Итар Пејо. Скопје: Мисла, Детска радост, Култура, Наша книга, Македонска книга, 1980, стр. 14-16.

Во делото „Богатството на царот Радован“, српскиот поет Јован Дучиќ вели дека Турците се „љубоморни како горили“.Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 111.

Турците како тема во музиката „Турчин“ (Turk) - песна на швајцарската панк-рок група „Клинекс/ЛиЛиПУТ“ (Kleenex/LiLiPUT).YouTube, Kleenex/LiLiPUT - Turk (from Kleenex/LiLiPUT) (пристапено на 1.7.2017)

Галерија

Наводи

Категорија:Туркиски народи *