Демир Хисар (порано: с. Мургашево) — град, поточно паланка, во југозападниот дел на Македонија и воедно административен центар на областа Железник и истоимената општина.

Географија

Градот се наоѓа во ридско-планински регион, а мал дел по течението на Црна Река е низински. Посебен знак на одбележување на оваа област се планините Бигла, Илинска и Плакенска Планина, на која што се наоѓа и највисокиот врв Сталев Камен со висина од 2.000 м., коишто ја одделуваат Демирхисарската област од Преспанско-охридската област.

Потекло на поимот Поради богатството на овие планини со железна руда, и областа го добива името Железник или Железнец, кое се менувало во зависност од владателите во различни периоди. Оваа област се среќава и како Сидеро Кастрон, што од грчки значи Железна Тврдина, а Демир Хисар е име што Турците го дале на оваа област што би значело Железна Тврдина. Тоа е името што и денес го носи.

Историја Во османлиско време Во ХV-XVII век селото е се води како христијанско. Во османлискиот попис од 1468 г. селото е под името Мургашва со две маала. Во првото маало се споменуваат следниве жители: Јован, син на Богдан; Никола, син на Јован; Стојко, син на Јован: Грдан, син на Јован; Миле, сиромав; Раде, брат на Михо; вдовица Зуја; вдовица Јована; Нене, син на Петко; Душман, син на Драгија; Шпрго, син на Душан; Сабе, син на Манко; Божидар, син на Ратко. Вкупно 10 семейства, 1 ерген, 2 вдовици и 55 жители. Жителите плаќале даноци за пченица 320 акчиња, за јачмен 100, ушур за лозја – 100 акчиња, за бостан – 20, за улишта – 20, за свињи - 15, за воденици – 10, за лен – 4, за овошки – 10, за свадбарина – 30 и испенче 312 или вкупно 941 акче. Во второто маало живееле следниве жители: Степан, син на Стојко; Раде, син на Ѓоре; Тодор, син на Алекса; Јовко, син на Атале; Којчин, син на Ковач; Никола, син на Варсак; Пејо, син на Којчин; поп Јован; Бојко, син на Стајко; Раде, син на Стајко; Бојко, син на Рајо; Мирко, син на Стане; Петко, брат на Мирко; Дујо, син на Мано; вдовица Срајка; Ивко, сиромав; Петко, сиромав; Јанде, син на Никола; Васо (или Вачо), син на Никола; вдовица Дујка; Раде, син на Добре; Андреја, син на Тодор; Ѓон, брат на Андреја; Андреја, брат на Рајо; Доне, син на Петко; Антониј Калуѓер. Вкупно 22 семејства, 2 ергени, 2 вдовици и 120 жители. Жителите плаќале данок за пченица 800 акчиња, за јачмен 600, ушур за лозја 350 акчиња, за бостан 34, за улишта 20, данок за свињи 55, данојк за воденици 30, за коноп 3, за лен 14, за овошки 10, за свадбарина 60 и испенче 962 или вкупно 2838 акчиња. Двете маала на Мургашево имале вкупно 25 семејства со 175 жители, кои плаќале 3.779 акчиња данок.

Во 1568 г. во Мургашево имало 17 семејства, 8 ергени и 1 вдовица или вкупно 97 жители.

Во 1607 г. жителите на Мургашево, Којо Стојко, Јовко Којо, Стојан Јован, Никола Јован и Јован Велче зеле едногодишен заем од вакафот на Ахмед-паша при џамијата на шеих Хазер Бали во Битола во износ од 3.000 акчиња при лихва од 15 %. Жиранти за парите биле сите селани, еден за друг.Турски документи за историjата на македонскиот народ. Сериjа прва, Скопje 1963, с. 3. Во сиџил од 1620-1621 г. с евели дека 5 домаќинства во Мургаш го должат воениот данок нузул за османлискиот поход против Полска.Турски документи за историjата на македонскиот народ. Сериjа прва, Скопje 1963, с. 49.

Во судски регистар на битолскиот кадија од ноември 1640 г. се вели дека порани прекумерното зголемување на џизијата, аваризот и другите вообичаени даноци за немуслиманите, целото население го напуштило селото освен неверникот Дујо. Бидејќи долговите на сите бире побарувани од Дујо, тој исто така избегал, па власта направила напори да го врати со тоа што ќе му олесни некои давачки.

Понова историја Населбата почнува да се развива некаде од средината на декември 1945 година, кога во Демир Хисар е формирана општествено - политичка административна заедница - Околиски народен одбор, прво со седиште во с. Лопатица, а од пролетта 1946 година, по извршената територијална исправка, седиштето е пренесено во село Мургашево, со седиште во стариот Слепчански ан (на местото на денешната автобуска станица).

Денес, Демир Хисар е урбанизирана населба од градски тип која ги има сите услови на мало гратче. Изградена е електрична мрежа, водовод, одводна канализација, асфалтирани улици и поврзана е со современ коловоз со соседните градови Битола (28 км), Крушево (25 км), Кичево (51 км) и Прилеп (38 км).

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.

Население

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Албанци и 50 Македонци.

На пописот од 2002 година, градот има 2.593 жители, со што претставува најмалиот град во Македонија. Следува табела на националната структура на населението:Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

мини|Брачна двојка од Демир Хисар, облечени во носија, снимени во ателјето на браќата Манаки, во Битола, 1916 година

Националност Вкупно Македонци 2 473Албанци62Турци 22Роми 11 Власи 6 Срби 7 Бошњаци 2 Други 10

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Демир Хисар има 2.431 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно Македонци 2.281Албанци 39Турци 1Роми 16Власи 9Срби 5Бошњаци 0Други80

Следува табела на национална припадност на Демир Хисар во пописите 1948-2021:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk .

ГодиниМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациОст.Лица без под.Вкупно1948—————————543195344927412—13—10—90219611.0473924——5—14—1.12919711.73130344—17—12—1.82819812.154751917114—12—2.28319912.097136134—7—2.13119942.33694—21—95—2.44720022.47362221167210—2.59320212.2813911695011692.431

Демир Хисар како урбана населба, од своето формирање постојано бележи пораст на населението. Така спрема пописот во 1961 г. населбата броела 1129 жители, а во 1981 година имало 2283. Тоа докажува дека луѓето од селските населби нагло ги напуштале своите домови и се населувале во Демир Хисар.

алт=Старата џамија во некогашното Мургашево|мини|283x283пкс|Старата џамија во некогашното Мургашево

Администрација и политика

Избирачко место

Во градот постојат избирачките места бр. 623, 623/1 и 624 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.904 гласачи.

Поврзано Демирхисарска Котлина

Наводи

Надворешни врски

Портал на општина Демир Хисар Демир Хисар низ фотографии Демир Хисар — официјален профил на Фејсбук

Категорија:Градови во Македонија Категорија:Општина Демир Хисар