Алзас () или Елзас (алзашки: ’s Elsass; ; ) — поранешен регион во Франција. Се наоѓа на североисточната граница на западниот брег на горниот тек на Рајна и се граничи со Германија и Швајцарија. Најважен политички, економски и културен центар на Алзас е градот Стразбур кој воедно е и главен и најголем град на регионот. Бидејќи тој град е седиште на десетици меѓународни организации и тела, Алзас е политички еден од најзначајните региони во Европската Унија.

Траги на името „Алзас“ се гледаат во горногерманскиот збор Ali-saz или Elisaz, што значи "туѓо царство". Алтернативното објаснување потекнува од германското Ell-sass, што значи „сместено на Ил“,Roland Kaltenbach: Le guide de l’Alsace, La Manufacture 1992, ISBN 2-7377-0308-5, стр. 36 река во Алзас. Регионот историски припаѓал на Светото Римско Царство. Постепено се припоил кон Франција во тек на XVII век под власта на кралевите Луј XIII и Луј XIV како една од поранешните француски покраини. Алзас честопати се споменува сврзано со Лорена, поради тоа што германската припадност на овие два региона (како царска покраина Алзас-Лорена, 1871–1918) била оспорена во XIX и XX век, во тек на кои Алзас четири пати во тек на 75 години припаѓал последователно и на Франција и на Германија.

Иако историскиот јазик на Алзас е алзашки, регионален германски јазик, денес повеќето Алзашани зборуваат француски, службениот јазик на Франција. Околу 39% од возрасното население и веројатно помалку од 10% деца, течно зборуваат алзашки, така што во денешен Алзас за голем дел од населението може да се каже дека е двојазично. "L'alsacien, deuxième langue régionale de France" Insee, Chiffres pour l'Alsace no. 12 декември 2002.

Географија

Топографија thumb|Топографска мапа на Алзас Алзас покрива површинаINSEE - Subdivisions, superficie et population des régions et départements de France et d'outre-mer од 8.283 км², или 1,5 % од површината на Франција со што е најмалиот од административните региони на континентална Франција. Тој речиси четирипати е подолг од неговата широчина, со местоположба во долината меѓу Рајна и планинскиот масив на Вогезите. Од 1815, се граничи на север со реката Лаутер, на исток со Рајна, на југ со Швајцарија, на југозапад со регионот Франш Конте а на запад со Лорена. Поделен е на два департмана: Горна Рајна и Долна Рајна (порано познати како Сундгау и Нордгау). Во регионот има неколку долини а највисока точка е Гран Балон во Горна Рајна, кој достига височина од 1426 m. center|thumb|upright=2.5|Алзашки виноград.

Клима Алзас се одликува со планинска и полуконтинентална клима. Зимите се студени, летата се топли и има малку врнежи поради Вогезите кои го заштитуваат на запад. Градот Колмар has е вториот најсув град во Франција, со годишни врнежи од само 550 mm, со што е идеален за производство на алзашкото вино. Додека на запад, на еден дел на планинскиот масив на Вогезите, се забележуваат и до 170 врнежливи денови годишно или разлика во 75 врнежливи денови на само 20 километри раздалеченост.

Историја

Во предримскиот период Во текот на праисторијата, Алзас главно бил населен со ловци кои биле номади. Трагите на најстарото население, камени орудија, биле пронајдени во Ашенхајм"Alsace", Jean Isenmann et Hervé Lévy, Editions Déclic.) и истите датираат од времето на Палеолитот. Првите населби се појавиле во текот на Неолитот, откако во регионот се доселиле народи од исток .Од 1500 п.н.е. регионот почнал да станува постојано живеалиште на Келтите кои почнале да ја обработуваат земјата и да се занимаваат со земјоделство. Од V до I век п.н.е. Алзас бил поделен меѓу две келтски племиња: Секвани на југ и Медиоматрики на север. Околу 72 п.н.е. германските народи составени во поголем дел од Свеви и Трибоки ја преминале реката Рајна и се населиле во Алзас кои според историчарот Август Мајцен броеле меѓу 137,000 и 275,000 луѓе.

Во римскиот период

thumb|left|Битка кај Ошсенфелд меѓу Цезар и Ариовист во 58 п.н.е Во 58 п.н.е. Римјаните го нападнале и го освоиле Алзас победувајќи во Битката кај ОшсенфелдCésar, La Guerre des Gaules., една од позначајните битки во тек на Галските војни кои ги водел Гај Јулиј Цезар за освојување на Галија. Во историјата е позната и како битка кај Вогезите. По Битката кај Ошсенфелд, после победата на Римјаните, Алзас бил припоен кон Рим станувајќи една од римските провинции во 27 п.н.е. Латинскиот јазик прогресивно ги заменил келтските јазици.

Алзас во тек на римскиот период станал центар на лозарството. За да ја заштитат својата богата индустрија, Римјаните изградиле тврдини и воени кампови кои подоцна се развиле во градови кои се населени оттогаш па до денес. Како дел на Римското Царство, Алзас бил дел на Горна Германија.

Во 12 п.н.е била основана римската тврдина Аргенторатум (од келтското: Аргентората) од каде подоцна се развил градот Стразбур.

Во 212 година сите слободни луѓе од регионот станале граѓани на Рим благодарение на Антониновиот едикт.

Алзас под франкиска власт thumb|Горна Германија под Римското Царство, околу 120 година

Од втората половина на IV век, голем број Германи, особено Алемани прогресивно ја населувале територијата на римски Алзас. По падот на Римското Царство, Алзас станал територија на Алеманите. Алеманите главно се занимавале со земјоделство а нивниот јазик ја оформил основата на денешниот алзашки јазик. Хлодовик и Франките ги поразиле Алеманите во текот на V век а по победата кај Толбијак, Алзас станал дел од Кралството Австразија. За време на меровиншките кралеви, наследници на Хлодовик, населението во Алзас било христијанизирано. Алзас останал под франкиска контрола сè додека кралството на Франките, после Стразбурските заклетви (Les serments de Strasbourg) од 842, не било формално и поделено со Верденскиот договор во 843; внуците на Карло Велики го поделиле кралството на три дела. Алзас бил дел од Средна Франкија, со која владеел најмладиот од внуците, кралот Лотар I. Лотар умрел во 855 а неговото кралство било поделено на три дела. Делот познат како Лотарингија, или Лорена, му припаднал на инот на Лотар. Останатото било поделено меѓу браќата на Лотар — Карло Ќелавиот (крал на Западното франкиско кралство) и Лудвиг Германски (крал на Источното франкиско кралство). Кралството Лотарингија било со краток век. Регионот кој подоцна ќе стане Алзас потпаднал под власта на Светото Римско Царство како дел од војводството на Швабија со Мерсенскиот договор во 870.

Алзас како дел на Светото Римско Царство Некаде во тоа време целиот регион почнал да се дели на бројни феудални секуларни и црковни господарства, ситуација која траела сè до XVII век и била вообичаен процес во царството. Алзас доживеал голем просперитет во тек на XII и XIII век за време на владеење на царевите од династијата Хоенштауфен. Фридрих II назначил Епископ на Стразбур за да управува со Алзас, но власта на епископот била од страна на грофот Рудолф Хабсбуршки, на кој му биле дадени права од страна на Конрад IV, синот на Фридрих II. Стразбур почнал да расте и станал најнаселениот и трговско најважниот град во регионот. Во 1262, после долга битка со епископите што биле на власт, Стразбур најпосле го добил статусот слободен царски град. Градовите како Колмар и Хагенау исто така почнале да стануваат економски значајни и се стекнале со некој вид на автономија во рамки на "Декаполата", федерација на десет слободни градови.

Просперитетот на Алзас завршил во XIV век по низа сурови зими, лоши посеви и болести како црната смрт. За овие несреќи биле обвинети Евреите што пак довело до погромите во 1336 и 1339. Дополнителна природна катастрофа бил земјотресот во Рајнската долина во 1356, еден од поголемите во Европа кој го срамнил со земја градот Базел. Просперитетот во Алзас се вратил под власта на Хабсбуршката династија за време на ренесансата.

Германската власт почнувала да опаѓа во тек на следниот период поради походите на царството кон земјите на Италија отстапувајќи ја хегемонијата во Европа на Франција. Франција започнала агресивно да се шири кон исток, најпрво кон реките Рона и Меза, и кога биле достигнати тие граници, целта била да стигнат до Рајна но поради воените заложби околу потребите на Стогодишната војна освојувањата во тој правец биле одложувани. По завршување на војната, Франција повторно ги покажала своите претензии да стигне до Рајна и затоа, во 1444 француската војска се појавила во Лорен и Алзас. Побарале предавање на Мец и Стразбур и извршиле напади на Базел.

Во 1469, после договорот од Сент-Омер, Зигизмунд, војвода на Австрија, му го продал Горен Алзас на Карло Бургундски. Иако Карло владеел со областа, даноците биле исплаќани на Фридрих III. Овој искористувајќи ги даноците а воедно и со помош на еден брак во рамки на династијата успеал да добие предност и да си ја поврати контролата врз Горен Алзас (освен слободните градови) во 1477 кога регионот потпаднал под власта на семејството Хабсбург.

За време на Протестантската реформа во XVI век, Стразбур бил напредна заедница а неговите жители ја прифатиле протестантската религија во 1523.

Под власта на Франција Триесетгодишната војна од 1618-1648 длабоко го погодила регионот. Алзас бил жртва на постојани грабежи и масакри а многу од градовите биле запалени. Настапил период на глад и чума. Населението од градовите и од селата бегало во околните планини и шумите на Вогезите. Економијата била целосно опустошена. Само Милузката република била поштедена благодарение на нејзиниот статус на град-држава. Републиката масовно ги прифаќала алзашките бегалци во многу поголем број од оној на жителите на самата република а се проценува дека со војната 60% од населението загинало.

Во 1648 со Вестфалската спогодба, поголемиот дел на Алзас потпаднал под власта на Франција со исклучок на неколку града кои ја задржале својата независност а подоцна, поради десеткуваната популација дошле голем број имигранти од Швајцарија, Австрија и другите соседни држави.

Сепак, Алзас имал посебна позиција во Кралството на Франција. Германскиот јазик сè уште се користел во локалните заедници, училиштата а на германскиот (лутерански) Универзитет на Стразбур учеле и се запишувале студенти од Германија. Едиктот од Фонтенбло, со кој се легализирала супресијата на француското протестантство, не бил применуван во Алзас. За разлика од останатиот дел на Франција, имало извесна религиозна толеранција, иако француските власти постојано се обидувале да го наметнат католицизмот а лутеранската катедрала во Стразбур морала да им биде предадена на католиците во 1681. Долж Вогезите постоела граница со остатокот на Франција додека таква граница немало кон Германија. Поради овие причини Алзас останал обележан со доминантна германска култура и сè до Француската револуција повеќе економски ориентиран кон Германија.

Во тек на Француската револуција Во 1789 започнала Француската револуција и со неа настапила првата административна поделба кога Алзас бил поделен на два департмана Горна и Долна Рајна. Алзашаните одиграле значајна улога во тек на Француската револуција. На [21 јули] 1789 година, по добивање на веста за падот на Бастилја во Париз, толпа луѓе ја урнале стразбуршката градска тврдина и ги натерале градските власти да го напуштат градот со што симболично бил ставен крај на феудалниот систем во Алзас. Во 1792, Руже де Лисл во Стразбур го искомпонирал револуционерниот марш "Марсејеза", кој подоцна станал химна на Франција. Некои од најпознатите генерали на Француската револуција исто така потекнувале од Алзас, особено Келерман, победникот кај Валми, и Клебер, кој ја предводел француската армија при востанието во Венде. Под Наполеон Бонапарт, во 1814 и 1815, Алзас бил окупиран со странски сили, вклучително 280,000 војници и 90,000 коњи само во Долна Рајна. Ова имало тешки последици по трговијата и економијата на регионот. Згора на тоа нови трговски патишта биле отворани преку пристаништата на Средоземното Море и Атлантикот со што регионот лесно бил заобиколен.