Готска Санден (швед. Gotska Sandön) е ненаселен остров на Шведска во Балтичкото Море. Сместен е 38 км северно од островот Форе. Долг е околу 9 км, а широк е околу 6 км. Зафаќа површина од приближно 36 км2.
Готска Санден претежно се состои од песокливо земјиште, со плажи, дини и борови шуми. Името „Готска Санден“ во буквален превод значи „готландски песоклив остров“. Во 1909 островот е прогласен за национален парк. Освен колонијата од сиви фоки, вишата фауна не е особено богата. Меѓутоа на островот изобилува разновидни инсекти и растенија, вклучувајќи неколку вида на орхидеи. Во текот на летото се организираат редовни тури со брод што поаѓаат од Форе и Нинесхамн.
Наводи
Поврзано Готланд Форе Список на национални паркови во Шведска
Надворешни врски
Национален парк Готска Санден - Служба за заштита на природата Птици на Готска Санден
Категорија:Готланд Категорија:Острови во Шведска Категорија:Национални паркови во Шведска