Венера-2 била советска автоматска научно-истражувачка станица (вештачки сателит) наменета за истражување на планетата Венера. Лансирана е на 12 ноември 1965 година.

Текот на мисијата Венера-2 носела телевизиски уред и научни инструменти. На 27 февруари 1966 година минала покрај Венера на далечина од 24,000 км и влегла во околусончевата орбита. Системите во леталото откажале при минувањето и никакви податоци не биле примени за планетата.

Основни податоци за летот Датум на лансирање: 12 ноември 1965 Ракета носач: Место на лансирање: Тјуратам, Бајконур Маса на сателитот (kg): 963

Галерија

Поврзано Венера-1 Венера-3 Венера (програм)

Надворешни врски

Советско истражување на Венера

Користена литература NASA каталог на космички летала

Категорија:Венера (програма) Категорија:Вселенски летала пуштени во 1965 година