Нахија (арапски: ناحية, турски: nahiye) — најмала територијална единица во Отоманското Царство, нешто како денешните општини. Нахија до ден денес постои како административно-управна единица во Сирија, Јордан, Египет и Ирак, а порано постоела и во Кралството Црна Гора.

Една каза обично била поделена на повеќе нахии, чиј управител се нарекувал мудир. Вообичаено, секоја каза имала по десетици села, групирани околу една поголема населба или град. Неколку нахии сочинуваат кадилук или минтак.

Поврзано Административна поделба на Отоманското Царство Вилает Санџак Каза

Наводи

Категорија:Арапски зборови Категорија:Административна поделба на Отоманското Царство Категорија:Административни единици Категорија:Турцизми