Свети Теодор Тирон — главна селска црква во селото Јанчиште, Македонија.
Црквата се наоѓа на излезот од селото во насока на селото Прељубиште. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.
Местоположба
Црквата се наоѓа во јужниот дел на селото Јанчиште.
Историја
Во 1947 година, според истражувањето на Јован Трифуноски, црквата е забележана и има запишано дека била многу стара.
Денешната црквата била изградена во 1967 година. Главниот патронат на црквата се прославува на Тодорова Сабота, односно на првата сабота на Велигденскиот пост.
Архитектура Иконостас
Во црквата има икона „Богородица со Христос“ од 1898 година, дело на Јаков Радев Мажоски, една година по нејзината изградба.
Помошни објекти
Во црковниот двор се наоѓа трпезарија, чиј камен-темелник бил поставен во 2002 година, а била осветена на 22 септември 2007 од страна на Митрополитот Полошки-кумановски и неколку локални свештеници.
Галерија
Поврзано Тетовско архијерејско намесништво Сиричинско-раотинска парохија Јанчиште
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Јанчиште Јанчиште Категорија:Дела на Дебарската школа