Октиси — село во областа Дримкол, во Општина Струга, во околина на градот Струга.
Потекло на името
Има повеќе тези за потеклото на името, меѓу кои најпозната е онаа која вели дека името потекнува од латинскиот збор octus (осум), што претставува осум ранохристијански цркви од кои дел и денеска се претпоставува дека постојат. Како втора теза се истакнува и тезата за разделната печалбарска приказна во која се разделуваат двајца млади, мажот отишол на печалба оставајќи ја својата жена и после долго време се враќа во неговото старо огниште. На врата го пречекува неговиот син, кој веќе бил пораснат, но не си го препознал татко си и викнал по мајка си, а таа кога го видела нејзиниот маж не рекла ништо друго освен „ОХ ТИСИ“.Октиси на gomacedonia.com
Географија и местоположба
мини|300п|лево|Поглед на горниот дел од селото од дворот на црквата „Св. Атанасиј“
Селото се наоѓа во областа Дримкол, во јужниот дел на територијата на Општина Струга, во западниот дел на Струшкото Поле, а под источната падина на планината Јабланица. Селото е ридско, на надморска височина од 800 метри. Од самиот град Струга е оддалечено 11 километри.
Куќите на ова големо потпланинско село се наоѓаат во близина на селото Вевчани, односно од неговата југоисточна страна.
Месностите во атарот на селото во источниот дел на селото ги носат следниве имиња: Горни ливаѓе, Песоци, Камејнци, Пашино, Долни ливади, Жабјак, Подредеш, Врани лозје, Лениште, Горна и Долна краста. Месностите во западниот дел на селото, односно во планинскиот дел се: Долно и Горно градиште, Јазвиње, Порта, Присој, Сиње брдо, Јаблан, Осој, Вајтос, Тумба и Бела црвеника.
Октиси има збиен тип. Издолжено е во насока запад-исток околу еден километар. Затоа е поделено на три краеви: Горен, Среден и Долен крај. Во секој крај има маала кои зависат од имињата на родовите кои живеат во нив.
Селото Октиси брои над 900 куќи, кои се распоредени во 4 поголеми маала: Горна маала, Крштиште, Средна маала и Долна маала. Потоа самите маала се сотавени од други помали маала, како што се Подлојза, Нападина, Подредеш, Желинва краста, Кошарје и други.
Историја
мини|300п|десно|Мозаици од ранохристијанската базилика во Октиси од крајот на V и почетокот на VI век
Меѓу народот се верува дека Октиси претставува едно од двете најстари села Струшко. За сите други села може да се дознае како настанале. Единствено за Октиси тоа не може никој да го знае. Селаните тоа го поврзуваат и со потеклото на името, односно со значење на осум цркви.
Од римско време мора да се споменат остатоците на монументалната ранохристијанска базилика со мозаик. Покрај постојните три цркви во селото (Св. Атанасиј, Св. Димитриј и Св. Никола), кои постојат денес, низ селото се знаат и местата на останатите средновековни црковни светилишта, како Св. Врачи, Св. Димитриј, Св. Недела, Св. Среда и Св. Јован.
Жителите веруваат дека селото порано претставувало гратче, односно било градско средиште. Тогаш имало и две тврдини, по една на височинките Горно и Долно Градиште.
Северно од селото, кај основното училиште се наоѓа средновековна словенска базилика покриена со земја. Кога Скендербег бегал од оваа област, тој со себе повел и народ од околината на Струга, кога се верува дека Октиси било напуштено (околу 1449 година).
Денешното село било обновено од предците на денешните селски родови. Тие дошле од месноста Врани лозје, која се наоѓа во источниот дел на селото. Овие родови се поделиле, односно едните останале христијани, а другите го прифатиле исламот. Некои муслимански родови се доселиле подоцна од други краеви.
Во век, Октиси било село во рамките на Струшката нахија во Охридската Каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Атарот зафаќа простор од 13,3 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 315 хектари, на пасиштата отпаѓаат 454 хектари, а на шумите 429 хектари.
Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.
Жителите на Октиси немаат пасишта на планината Јабланица, па затоа отсекогаш биле слаби сточари. Главно занимавање било земјоделството и печалбата.
Население
Според податоците од 1873 година, селото имало 60 домаќинства и 162 жители.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 104-105.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Октиси имало 1.390 жители, од кои 840 Македонци христијани и 550 Македонци муслимани.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 254.
Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Октиси имало 1.016 жители.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.164-155.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Октиси е претставено како македонско-албанско село во Охридската Каза на Битолскиот Санџак со 220 куќи.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.300 Македонци.
Октиси е големо село, кое што во 1961 година имало 1.965 жители, од кои 1.840 биле Македонци, 103 Турци и 11 жители Албанци. Во 1994 година, бројот се зголемил на 2.806 жители, од кои 2.712 биле Македонци, 52 Турци, 25 Албанци и двајца жители Срби.
Според пописот од 2002 година, во селото Октиси живееле 2.479 жители, од кои 955 Македонци, 346 Албанци, 1.071 Турчин, 1 Ром, 15 Бошњаци и 91 останат.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.925 жители, од кои 409 Македонци, 241 Албанец, 762 Турци, 2 Роми, 1 Србин, 8 Бошњаци, 331 останат и 171 лице без податоци.
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Октиси:
Година Македонци Албанци Турци Роми Срби Бошњаци Вкупно 1948 — — — — — — — —1.596 1953 1.257 34 237 0 1 — 207 —1.736 1961 1.840 11 103 — 1 — 10 —1.965 1971 1.978 33 250 0 2 — 15 —2.278 1981 2.688 1 0 0 0 — 3 —2.692 1991 2.102 19 47 0 1 — 964 —3.133 1994 2.712 25 52 0 2 — 15 —2.806 2002 955 346 1.071 1 0 15 91 —2.479 2021 409 241 762 2 1 8 331 1711.925
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Следува табела на мајчин јазик на населението (попис 2002 г.):
јазик вкупно македонски 2.366 албански 60 турски 41 останати 11
Од религиски аспект, во селото се застапени следниве религии (попис 2002 г.):
религија население проценти муслимани 2.069 (83,46 %) православни 406 (16,38 %) останати 4 (0,16 %)
Поради социолошки, економски и политички влијанија, голем дел од муслиманското население во селото се декларира со различни националности, како Турци, Албанци и други.
Се мисли дека биле подложни на асимилација (наметнување) на турскиот јазик, но противречи фактот дека тие си го зборувале македонскиот јазик, а турскиот како таков не бил воопшто имплементиран (но сепак има големи траги од турски зборови во локалниот говор, како и во целосност од македонскиот јазик). Тоа е уште еден факт дека на Турците не им било во план да го вметнат турскиот јазик како службен јазик во империјата (како на пример што направија големите европски држави: Велика Британија, Франција, Германија, Шпанија и други со нивната колонизација).
Родови
Селото Октиси живее македонско население, кое е поделено на христијани и муслимани:
Христијански родови се: Дузлевци (6 к.), Шурбановци (6 к.), Ашталоски (5 к.), Јанчески (5 к.), Божиниќевски (4 к.) и Томоски (4 к.), сите слават Св. Петка и некогаш претставувале еден род; Качески (6 к.), Ќумкароски (5 к.) и Дулески (3 к.), слават Св. Никола и некогаш претставувале еден род; Дишлески (5 к.), Ѓончески (5 к.) и Мартиноски (4 к.), слават Мартинија и некогаш претставувале еден род, во првиот род ја знаат следнава генеалогија Наум (жив, 80 години)-Риста-Наум-Митре-Трпо и Куциноски (6 к.), Гулицоски (6 к.) и Прчакоски (5 к.), слават Св. Алимпија и некогаш претставувале еден род. Сите претходни родови се старинци. Доселеници има само од домазетите, кои се: Балалоски (3 к.) и Џепароски (2 к.), каде слават две слави, Св. Петка и Богородица Пречиста. Муслимански родови се: Оџоски (25 к.), Бајрамоски (25 к.), Цаноски (25 к.), Шаиноски (25 к.), Мустафоски (25 к.), Имероски (25 к.) и Асан-Тодоски (25 к.). Меѓу овие родови некои се старинци. Османоски (20 к.), потекнуваат од два браќа Исмаил и Осман. Во родот се знае следната генеалогија Таир (жив, 60 години)-Рамуш-Таир-Раман-Мифтар-Исмаил, еден од браќата кои се доселиле, нивното потекло е од областа Долен Дебар (околината на Пешкопеја); Дервишоски (22 к.), потекнуваат од доселеници, веројатно Албанци, дошле кога и Османоски; Одоќоски (25 к.), доселени се од некое село од Пешкопеја, веројатно Бурен; Дервишоски (3 к.), потекнуваат од христијанинот Санде, доселен од Вевчани, но тука го прифатил исламот, неговите роднини во Вевчани се Алуловци.
Општествени установи
мини|200п|десно|Поглед на основното училиште во селото
Основно училиште „Единство“ — централно основно училиште до IX одделение Пошта (6339)
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Струга.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото било дел од тогашната општина Велешта.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Вевчани, во која покрај селото Октиси, се наоѓале и селата Вевчани и Горна Белица. Во периодот 1950-1952 година, селото припаѓало на некогашната општина Вевчани, во која влегувале селата Вевчани и Октиси.
Избирачко место
Во селото постојат следниве избирачки места: 1882, 1883, 1883/1, 1884 и 1884/1 според Државната изборна комисија, сите сместени во основното училиште во селото.
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 3.084 гласачи. На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 3.048 гласачи.
Културни и природни знаменитости
мини|300п|десно|Поглед на главната селска црква „Св. Атанасиј“
Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Вајтос — утврдена населба од раноантичко и римско време Гончаровска Куќа — некропола од доцноантичко време Градиште — средновековна утврдена населба Св. Атанасија — средновековна црква и некропола Св. Врачи — средновековна црква Св. Димитрија — средновековна црква Св. Никола — старохристијанска базилика
Цркви Црква „Св. Никола“ — главна селска црква; Црква „Св. Атанасиј“ — гробјанска црква; и Црква „Св. Димитрија“ — првовремено параклис, но подоцна црква. Поради верски нетрпеливости на 25 август 2013 било спречено осветување на камен-темелникот од страна на муслиманите.
Други црковни светилишта месност „Свети Јован Крстител" — каде што се фрла крстот на Богојавление.
Џамии Алипашина џамија (наречена и Горна џамија) — постара џамија во селото, изградена во 1903 година; и Акташ џамија (наречена и Долна џамија) — понова џамија во селото, изградена во 1968 година.
Редовни настани
Атанасовден — црковно-народен собир; и Илинден — селска слава, поради тоа што главната селска црква е осветена на овој ден.
Личности
Родени во Октиси Пантелеј Томовски (1872-1936) — револуционер Русанда Бадалоска (р. 1900) — учесник во НОВ на Македонија Савета Ашталкоска (р. 1905) — учесник во НОВ на Македонија Јованка Гонческа (р.1890) — учесник во НОВ на Македонија Лена Ѓумкароска (1898- ) — учесник во НОВ на Македонија Петре Ѓончески (1923-1951) — партизан Никола Ѓончески (р. 1932) — политичар и инженер Јаков Лазароски (р. 1936) — политичар, психолог и универзитетски професор Милован Шиковски (р. 1937) — политичар и поранешен пратеник во Собранието на Македонија