Прибилци — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Демир Хисар, од левата страна на патот Демир Хисар-Крушево. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 670 метри. Од градот Демир Хисар е оддалечено 4,5 километри.

Атарот на селото зафаќа простор од 10,5 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 459 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 230, а на пасиштата 178 хектари.

Историја

Во XIX век, Прибилци се наоѓало во Демирхисарската нахија на Битолската Каза на Отоманското Царство.

Ова село е познато и опеано во многу македонски народни песни поради големата бунтовност и македонско родољубие на неговото население. За неговото име се верува дека е добиено поради што во селото се прибирале македонски ајдути и комити од турските потери, меѓутоа селото е основано и пред османскиот период. За време на Илинденското востание близу селото се одиграла помала битка меѓу македонските комити и турскиот аскер (за време на почетокот на востанието), а турскиот аскер кога поминувал покрај селото одејќи кон Крушево не ги пронашло комитите кои се скриле во селото.

Населението било активно и за времето на НОБ, за што сведочи споменикот во селото. Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.

Стопанство

Селото во основа има полјоделско-шумарска функција.

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Прибилци имало 450 жители, сите Албанци муслимани,Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Прибилци имало 480 жители, Албанци муслимани.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.

Според Димитар Гаџанов во 1916 г. в Прибилци живееле 404 Турци,Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 267. што е веројатно поточно од горенаведените два извора, но нивниот број не може да бил толку висок, а камо ли мнозински.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.

Прибилци е населено со македонско население. Во 1961 година, селото имало 436, а во 1994 година бројот се намалил на 287 жители.

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 266 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 153 жители, од кои 142 Македонци и 11 лица без податоци.

Родови

Прибилци е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:

Доселеници: Трајановци (3 к.) доселени се во 1913 година од селото Слоештица. Таму имаат истоимени роднини; Ресуловци (3 к.) доселени се во 1914 година исто така од селото Слоештица; Џванковци или Наумовци (2 к.) и Џванковци или Златановци (2 к.) доселени се во 1926 година од селото Жван; Дуковци (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Железнец; Масларовци (4 к.) доселени се во 1915 година од Сладуево и Единаковци, од домазети; Дуртановци (2 к.) доселени се во 1939 година од селото Бараково; Вељановци (3 к.) доселени се во 1922 година од селото Единаковци; Тајтановци (4 к.) доселени се во 1930 година од селото Бараково; Барлевци (1 к.) доселени се во 1919 година од селото Журче; Крстан (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Бабино; Алексовци (2 к.) доселени се во 1920 година од селото Големо Илино; Чакаровци (1 к.) доселени се во 1923 година од селото Сопотница; Врбовци (1 к.) доселени се од селото Брезово; Мирчевци (5 к.) доселени се во 1925 година од селото Бабино; Младеновци (2 к.) доселени се од селото Ново Село; Трајчевци (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Растојца; Шумковци (1 к.) доселени се во 1938 година од селото Цер кај Кичево; Чобановци (3 к.) доселени се во 1920 година од селото Големо Илино; Беговци (1 к.) доселени се во 1922 година од селото Велмевци; Десковци (2 к.) доселени се во 1912-13 од селото Базерник; Богевци со Ќизаровци (2 к.) доселени се во 1921 година од селото Кочишта; Маслароски (2 к.) доселени се во 1916 година од селото Единаковци; Пупачовци (4 к.) доселени се од селото Сопотница; Шутевци (3 к.) доселени се во 1923 година од селото Мало Илино; Момировци со Јовановци (1 к.) доселени се во 1927 година од селото Бабино; Тошевци (3 к.) доселени се од селото Сладујево во 1915 година, а таму се доселиле од селото Единаковци; Турјановци (1 к.) доселени се во 1923 година од селото Турје во Дебрца; Шундуровци (1 к.) и Настовци (2 к.) доселени се во 1926 година од селото Мало Илино; Сиџимковци (3 к.) доселени се во 1925 година од селото Мало Илино; Ѓуровци (3 к.) доселени се во 1920 година од селото Големо Илино; Црвенковци (2 к.) доселени се во 1929 година од селото Сладуево, таму се доселиле од селото Радово; Дранговци (1 к.) доселени се во 1929 година од селото Жван; Чакмаковци (2 к.) доселени се во 1939 година од селото Острилци кај Крушево; Вејкрповци (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Големо Илино; Белевци (5 к.) доселени се во 1920 година од селото Острилци; Тушловци (2 к.) доселени се во 1929 година од селото Журче; Бакамовци (1 к.) доселени се од селото Острилци; Суклевци (1 к.) доселени се во 1939 година од селото Слоештица.

Општествени установи

Основно училиште „Гоце Делчев“ до V одделение, подрачно училиште на ОУ „Гоце Делчев“ - Демир Хисар

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Прибилци, се наоѓале и селата Бараково, Белче, Вардино, Граиште, Единаковци, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Ракитница, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Прибилци, во која влегувале селата Журче, Прибилци и Спадуево.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 631 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 170 гласачи.

Културни и природни знаменитости

мини|300п|десно|Поглед на главната селска црква „Успение на Пресвета Богородица“, сместена над селото заедно со селските гробишта

Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Над Селото — црква и некропола од средниот век; Самоникојца — топилница од доцноантичко време; Стара Раслојца — средновековна населба; Старо Село — населба и некропола од средниот век.

Цркви Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главна селска црква;

Споменици Споменик за НОБ

Култура и спорт

ФК Прибилци

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Неофицијално мрежно место

Категорија:Села во Македонија Категорија:Демирхисарски села Категорија:Села во Општина Демир Хисар