Вирцбуршки дворец () — кнежевски дворец во Вирцбург, Германија, дело на тогашниот водечки барокен архитект Балтазар Нојман, по нарачка на кнезот-епископ на Вирцбург, Јохан Филип Франц фон Шенборн и неговиот брат Фридрих Карл фон Шенборн во 1720 г. и бил завршен во 1744 г. Фреските во внатрешноста ги насликал венецијанскиот сликар Џовани Батиста Тјеполо со помош на неговиот син Доменико. Највеличествени простории се скалиштето, капелата и големиот салон. Наполеон Бонапарт дворецот го нарекол „најубавиот владички дом во Европа“.
Дворецот бил многу оштетен во Втората светска војна, и неговата реставрација е започната уште од 1945 г. Во 1981 г. е прогласен за светско наследство на УНЕСКО.http://whc.unesco.org/en/list/169
мини|центар|600п|Градинаската фасада на дворецот мини|центар|600п|Фасадата со чесниот двор
Поврзано Вирцбург Балтазар Нојман Џовани Батиста Тјеполо
Наводи
Надворешни врски
Страна за баварски дворци и градини
Категорија:Епископски дворци Категорија:Германски дворци Категорија:Барокна архитектура Категорија:Замоци во Баварија Категорија:Згради и градби во Баварија Категорија:Архитектура од 18 век Категорија:Вирцбург