Калмар () — округ (län) во јужниот дел на Шведска. Се граничи со окрузите Крунуберг, Јеншепинг, Блекинге и Естерјетланд. На исток во Балтичкото Море се наоѓа островскиот округ Готланд.
Окрузите во шведска се управни единици, додека пак покраините се подрачја од културно-историско значење. Округот Калмар географски го зафаќа источниот дел на покраината Смоланд и целиот остров Еланд.
Култура Голем дел од подрачјето наречено Стура Алварет е прогласен за светско наследство на УНЕСКО. Јужниот дел на Еланд е живеалиште на разни ретки видови. Меѓу археолошките знаменитости на Еланд се вбројува ранопалеолитската населба Алби, гробиштата Гетлинге и тврдината Екеторп. На островот се наоѓа и природниот резерват Отенби.
Управа Сè до 1672 територијата на округот Калмар била дел од округот Крунуберг. Помеѓу 1680 и 1683 Блекинге бил дел од Калмар поради поморската база во Карлскруна.
Управата (Landshövding) на округот е сместена во градот Калмар. На чело на окружниот административен одбор (Länsstyrelse) стои управникот. Моментално таа функција ја извршува Свен Линдгрен.
Од 1997 општините и окружниот совет соработуваат преку посредно управуваниот Регионален совет на Калмар. Овој совет ги застапува регионалните интереси во однос на развој, раководи со планирањето на инфраструктурата, високото образование, културни проблематики и инвестиции.
Општини лево|200п Копнени: Вестервик Вимерби Емабуда Калмар Менстерос Нибру Оскарсхамн Турсос Хегсби Хултсфред
На Еланд: Боргхолм Мербилонга
Наводи
Поврзано Линеев универзитет
Надворешни врски Окружен административен одбор на Калмар Регионален совет на Калмар Окружен совет на Калмар Калмарски универзитет
Категорија:Окрузи во Шведска
Категорија:Смоланд Категорија:Еланд