Франш Конте (; франкоконтски: Fraintche-Comtè; ) — област и историска покраина во источна Франција. Од 1956 до 2015 г. бил управен регион, пред да биде ставен во состав на поголемиот нов регион Бургундија-Франш Конте. Во 2016 г. областа имала 1.180.397 жители.
Позначајни градови се Безансон, Белфор, и Монбелјар. Други значајни градови се Дол (престолнина пред областа да биде освоен од страна на Луј XIV во доцниот 17 век), Везул (главен град на Горна Сона), Арбоа ("винската престолнина" на Јура), и Лон-ле-Соние (главен град на Јура).
Историја
Областа бележи човечко присуство уште во времето на Палеолитот и бил населен од страна на Галите. Во 5 век бил дел од териториите на Алеманите а потоа и дел од Кралството Бургундија од 457 до 534. Бил христијанизиран под влијание на Свети Колумбан, кој тука основал неколку манастири. Во 534, станал дел од франското кралство. Во 561 бил дел од меровиншкото кралство Бургундија, под власта на Гунтрам, третиот син на Хлодовик I. Во 613, Хлотар II го обединил франското кралство под своја власт а областа останал дел на Кралството Бургундија за време на Меровинзите и Каролинзите. областа потпаднала под власт на Светото Римско Царство во 1034 и тој дефинитивно се отцепил од војводството Бургундија сè дури повторно не станал дел од Франција во 1477. Таа година во Битката кај Нансси во текот на Бургундските војни, бил убиен во битка последниот војвода Карло Ќелавиот. Областа преминала под власт на Австрија во 1481 и Шпанија во 1556. Франција го повратила оваа област во 1668 но го вратила со договорот од Екс-ла-Шапел. Тој по вторпат бил освоен во 1674, и конечно бил отстапен на Франција во 1678. Енклави како Монбелијар останале надвор од француска контрола. Од 1851 до 1946 населението се намалило за една петтина поради миграцијата село-град (најмногу во Горна Сона и Јура).
Управа и политика thumb|лево|150px|Администрација на Франш Конте Управниот регион Франш Конте бил поделен на четири департмани, од кои највеќе жители имал Ду, а додека најгусто населен бил департманот Територија Белфор.
Департман Бр. Население Густина(ж/км2) Главен град Ду 25 522 685 100 Безансон Јура 39 260 740 52 Лон-ле-Соние Горна Сона 70 238 548 45 Везул Територија Белфор 90 141 958 233 Белфор
Франш Конте се состои од општини. По францускиоте локални избори во 2007, двајца советници се припадници на социјалистите а единаесет на УМП. 55% од жителите на Франш Конте на претседателските избори својот глас го дале за Никола Саркози во вториот круг на претседателските избори во 2007.
Географија thumb|лево|150px|Крет Пела thumb|лево|150px|ЕзеротоВуглан во Јура
Местоположба Франш Конте се наоѓа во западно-централниот дел на Европа. Сместен во источниот дел на Франција се граничи со Швајцарија во близина на Германија и Италија.
Топографија Франш Конте е планинска област и содржи значаен дел од планинскиот масив Јура, на границата со Швајцарија. На север од областа се наоѓа планинскиот масив Вогези (еден дел од Алзашки Балон се наоѓа во Франш Конте). Трите највисоки планински врвови се Крет Пела на височина од 1495 метри (во Јура), Златниот рид на височина од 1463 m во департманот Ду и Алзашки Балон на височина од 1247 метри во територијата Белфор. Повисоките врвови на масивот Јура се наоѓаат во Швајцарија или во департманот Ен.
Хидрографија Областа поседува речна мрежа во должина од 5350 км од кои на 4549 км можен е риболов а 320 км од реките се пловни.. Главни реки во областа се Сона, Ена, Кујзанс, Ду, Лу, Оњон, Бјен, Валуза, Сирана, Сеј, Ерисон, Савуреза, Отриш, Ален или Алан (во Франција), Лизон. Се бројат и 80 природни или вештачки езера како Рус (езеро) Рус, Шален, Верноа, езерото Ламура (езеро), Везул-Вевр, Сен-Поан, Реморе, Нарле и познатото езеро Вуглан која е трета француска акумулација со своите 605 милиони кубни литри вода.
Население Населението броело жители во 2007. Порастот на населението изнесувал околу 0,20 % годишно меѓу 1990 и 1999Variation de population en Franche-comté Insee; 2003. Од демографски аспект, Франш Конте е релативно густо населен иако на високите висорамнини и басени населението се раселило во градовите напуштајќи ги селата и малите градови. Од друга страна има два големи демографски басени и двата ситуирани во департманот Ду. Во Безансон и околината, живеат повеќе од жители и тој е најзначајниот град во областа. Само во градот Безансон има жители, потоа следат Монбелјар, жители и Белфор, жители. 5,9 % од населението на Франш Конте се имигранти во однос на 7,4 % на национално ниво, и тоа од земји како Мароко (15,7 %), Алжир (14,1 %), Португалија (13,9 %), Италија (12 %) и Турција (10,6 %).
Поважни градови thumb|150px|left|Безансонthumb|150px|left|Белфор Ville Департман Население Градска површина Безансон20px Ду117 599 236 968Белфор20px Територија Белфор50 346 107 876Монбелјар20px Ду26 207180 622Дол20px Јура25 38441 535Понтарлие20px Ду18 63931 258Лон-ле-Соние20px Јура18 12257 007Везул20px Горна Сона16 27146 511Оденкур20px Ду14 534МонбелјарСен-Клод20px Јура11 52313 227Валентиње20px Ду11 509МонбелјарЕрикур20px Горна Сона10 547МонбелјарЛир20px Горна Сона8 26412 840Шампањол20px Јура8 098Ликсеј-ле-Бен20px Горна Сона7 48215 594Морто20px Ду6 499Гре20px Горна Сона6 08818 313Бетонкур20px Ду6 057МонбелјарДел20px Територија Белфор6 000Селонкур20px Ду5 913МонбелјарМорез20px Јура5 508Бом-ле-Дам20px Ду5 317Валдоа20px Територија Белфор5 044БелфорБокур20px Територија Белфор5 008МонбелјарСите податоци се преземени од INSEE за 2008.thumb|150px|right|Монбелјарthumb|150px|right|Дол </center>
Стопанство thumb|right|150px|Музеј на Пежо во Сошо Земјоделското производство се потпира на одгледување говеда (Монбелјар) и производство на сирење. Значајно е и одгледувањето на житните култури (144 380 ha) и маслодајните култури (38 450 ha) DRAAF Besançon, Service régional de l'information statistique et économique, Mémento de la statistique agricole édtion 2010, p. 14. Областа поседува и винови насади во областа Јура и и се произведува вино од пет различни сорти. Значајно е и шумартството со самиот факт дека шумите опфаќаат 42% од вкупната територија на областа. Франш Конте, пропорционално со неговата популација е првиот индустриска област во Франција, 6 од 10 вработувања се во стопанските гранки а нивото на невработеност изнесува околу 8,5 %. Бруто-домашниот производ, БДП по жител во 2002 изнесувал 21897 €. Тој воедно е и област со најразвиен извоз во Франција. Во 2003, БДП се искачил на 25,6 милијарди евраLe PIB Franc-comtois en 2003 Insee, 2006 или 1,6% од националниот БДП. Монбелјар-Белфор е економско средиште на областа, особено посветен на автомобилската индустрија и на TGV. Индустрискиот Пежо – Цитроен Сошо е прв во Франција со вработени во септември 2006 а воедно и најголемиот работодавач во областа. Пежо и неговите филијали заземаат 10 % од производството на Франција.
Туризам thumb|right|150px|Зимски центар Метабиеф Во тек на зимската сезона, туризмот е сконцентриран на планинските масиви (главно во туристичките центри Рус и Метабиеф). Центрите не се адаптирани за алпско скијање но сепак, рекреативното се практикува на повеќе места. Во летниот период Франш Конте им нуди на туристите активности како велосипедизам околу Алзашкиот Балон, риболов на брегот на реките и езерата, како и речен туризам во долината на Сона.
Јазик Жителите на Франш Конте освен на службен француски јазик зборуваат и на други два јазика: Франко-конски јазик, на север Франкопровансалски, на југ Франко-контски јазик Франко-контскиот јазик Le franc-comtois е дијалект кој припаѓа на јазиците оил и се зборува во Франш Конте. Се користи во Јура во Швајцарија. Франко-контскиот јазик е дел од групата јазици во кои спаѓаат и пикардскиот, валонскиот како и лоренскиот. Овие јазици имаат заеднички одлики а воедно и германско влијание. Јазикот се зборува во Горна Сона, Територија Белфор, Ду, во дел на источна Јура, како и во кантонот Јура во Швајцарија и во еден мал дел на департманот Горна Рајна во Алзас.
Франкопровансалски јазик Јужниот дел на Франш Конте (јужно во департманите Јура и Ду) зборува на « франкопровансалски јазик » Le francoprovençal. Франкопровансалскиот е еден од трите големи романски јазици, заедно со окситанскиот (јазик ок) и групата оил. Овој јазик поседува бројни локални варијанти и се дели на бројни дијалекти. Постои дијалектална варијанта која се зборува на југот на Франш Конте наречена јурски јазик.
Културно наследство Областа благодарение на бурното минато бележи големо културно наследство а воедно се одликува со зачувани питорескни села. Едни од позначајните споменици на културата се: Тврдината во Безансон е една од најубавите тврдини на Вобан и е дел на светското културно наследство на УНЕСКО. Кралската солана е дело на архитектот Клод Никола Леду и е дел од светското културно наследство на УНЕСКО. Лавот од Белфор е скулптура на Фредерик Бартолди. Делото симболизира јуначки отпор на Белфор против пруската војска 1870-1871.
Познати личности right|thumb|150px|Луј Пастер е роден во 1822 во Дол (Слика на Алберт Еделфелт)
Гистав Курбе Виктор Иго Папа Каликст II Луј Пастер Жорж Кивие Тристан Бернар Пјер Верние
Наводи
Надворешни врски Некогашниот регионален совет на Франш Конте Тематско досие на INSEE, демографска и социјална статистика Туристичко биро на Франш Конте
Генеалогија и наследство на Франш Конте
Категорија:Поранешни региони во Франција Категорија:Историски области во Франција Категорија:Поранешни покраини во Франција Категорија:Бургундија-Франш Конте