Лапортен (швед. Lapporten = „Лапонска Врата“ или севернолапонски: Čuonjávággi, Tjuonavagge = „Гускина Долина“) е карактеристична забраздена долина во Лапонија, северна Шведска, главно обележје на тамошниот планински крај. Долината е обиколена со планината Нисуншору (1.738 м) на југозапад, и Шуоншока (1.554 м) на североисток. Во средината на долината се наоѓа езерото Чуонјајаври, на 950 м надморска височина. Теренот е лесно прооден, но нема обележана патека.
Поврзано Турнетреск Национален парк Абиску
Наводи
Категорија:Долини во Шведска Категорија:Норботен (округ) Категорија:Лапонија