Копривничко-крижевска жупанија е жупанија во северозападниот дел на Хрватска. Прв жупан на Копривничко-крижевската жупанија бил: Иван Станчер (1993 - 1997).
Население Според пописот од 2001 година, жупанијата броела 124.467 жители (2,8% од вкупното население на Хрватска) со просечна густина на населеност од 71 жител на км2. Етничкиот состав бил следниот: Хрвати 96%, Срби 1,9%, Словенци 0,1%, Роми 0,1%, Унгарци 0,1% и други.
година на попис 2001 1991 1981 1971 1961 1953 1948 1931 1921 1910 1900 1890 1880 1869 style="background: bgcolor="#C2B280" | 1857
|бр. на жители''' 124.467 129.397133.790138.994143.019142.362140.565143.268139.054142.546132.581121.772105.52997.58187.464
ЦД-ром: "Насеља и становништво РХ од 1857-2001. године", Издание на Државниот завод за статистика при Република Хрватска, Загреб, 2005.
Географија Копривничко-крижевската жупанија се наоѓа во северозападниот дел на Република Хрватска, т.е. во североисточниот дел на Централна Хрватска. Таа е распространета по низината на Драва и е омеѓена со Билогора и Калнчка Гора.Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009. Со површина од 1,746 км2, оваа е седумнаеста по големина жупанија во Хрватска според површината. Североисточниот дел на жупанијата го сочинува долината на реката Драва на која преовладува земјоделската дејност со значајни наоѓалишта на нафта и на земен гас. Поголеми населени места во овој простор се Копривница, Крижевци и Ѓурѓевац.
Стопанство Копривничко-крижевската жупанија спаѓа во панонската регија. Земјоделскиот простор на жупанијата се состои од пет микрорегионални целини: Подравскиот земјоделски басен (Подравина) Прекодравље Источен и североисточен дел (Билогора) Калничко подрачје (Калник) Калничко-пригорскиот дел на жупанијата
Подравскиот земјоделски басен и Прекодравље се подрачја со интензивно земјоделско производство. Останатите гранки на економијата се производството на млеко, производството на хмељ, сточарството, зеленчуковите култури и виноградарството.
Туризам Најважни одредишта во жупанијата се Галеријата на наивната уметност во Хлебине, жупната црква Свети Ане, гркокатоличката катедрала на Светото Тројство и црквата на Свети Крст во Крижевци, историското средиште Крижевци, прехранбениот музеј “Подравка” – Копривница, Стариот град Ѓурѓевац и Галеријата Лацковиќ – Батинска, стариот град Калник и Мал Калник.
Знаменитости На подрачјето на Копривничко-крижевската жупанија има единаест заштитени делови од природата, кои заземаат површина од околу 5,550 ha.
Посебни резервати : географско-ботанички: Ѓурѓевачки Песоци ботанички: Мал Калник орнитолошки: Голем Пажут шумски: Црни Јарци, Долго Брдо Парк шума: Жупетница Заштитени предели: Чамбина Калник Споменици на природата: Седам стабла на стежери Споменици од парковната архитрктура: Парк кај Основнато училиште ˝Владимир Назор˝, Крижевци Парк кај Земјоделското училиште во Крижевци
Наводи
Надворешни врски Официјален портал
Категорија:Жупании во Хрватска