Вестернорланд (швед. Västernorrlands län) е округ (län) во северниот дел на Шведска. Се граничи со окрузите Јевлеборг, Јемтланд, Вестерботен и Ботнискиот Залив.

Покраина Округот ги приближно ги опфаќа териториите на покраините Онгерманланд и Меделпад.

Управа Главна цел на окружниот административен одбор е спроведување на целите утврдени во парламентот и владата, усогласување на локалните и државните интереси, унапредување на развојот во округот, воспоставување на регионални цели, запазување на јавниот ред и раководење со правните постапки. Окружниот административен одбор е владина служба на чие чело стои управник.

Окружниот совет на Вестернорланд (Landstinget i Västernorrland) е задолжен за здравството и јавниот превоз.

Општини десно|250п|Општини во Вестернорланд

Ерншелдсвик Крамфорс Онге Сулефтео Сундсвал Тимро Хернесанд

Наводи

Надворешни врски Окружен административен одбор на Вестернорланд Окружен совет на Вестернорланд

Категорија:Окрузи во Шведска

Категорија:Онгерманланд Категорија:Меделпад