мини|десно|Положбата на Катаја во однос на Шведска и Финска Катаја (швед. Kataja) е островче јужно од Хапаранда во округот Норботен, Шведска. Зафаќа површина од 0,71 км2, со димензии од 2 км во должина и 200–500 м во ширина. Местоположбата му е 65° 43′ 0″ СГШ, 24° 10′ 0″ ИГД.

Островот е поделен помеѓу Шведска и Финска. Границата е повлечена во 1809 низ водната површина помеѓу тогашните два острова - поголемиот шведски остров Катаја и помалиот фински остров Инакари (фин. Inakari). Со текот на времето островите се споиле благодарение на поледничкото издигање на тлото.

Поврзано Список на поделени острови Географија на Шведска Географија на Финска

Категорија:Острови во Шведска Категорија:Острови на Финска Категорија:Острови во Балтичкото Море Категорија:Поделени региони Категорија:Норботен (округ) Категорија:Меѓународни острови Категорија:Финско-шведска граница