мини|Хестија, Египeтска таписерија, 6 век Хестија (старогрчки: Ἑστία) била божица на срцето во старогрчката митологија. Имала браќа и сестри по име - Деметра, Хера, Хад и Посејдон. Штом таа се родила татко и Хрон ја проголтал нејзе и нејзините браќа и сестри, со страв дека кога ќе пораснат ќе се побунат и ќе го симнат од власт.
Особености Славата и големината на Хастија се во тоа што таа е единствена меѓу боговите на Олимпшто не учествувала во војните, кавгите и заговори. Дури и кон љубовните понуди се однесувала претпазливо. По свргнување на Хрон, таа се заколнала во главата на брата си, Зевс, дека ќе остане девица.Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 69. Хестија е важно божество иако митовите за неа се скудни, таа ги одбила предностите на Посејдон и Аполон заѓто се заветала да остане девица, како Атена, Артемида таа е божица на девственоста, невиноста, но покрај тоа таа е и божица на огништето и неговиот свет оган самото нејзино име ја објаснува нејзината улога, ЕСТИА- на старогрчки јаз значи огниште, меѓу примитивните народи огнот бил одржуван со тешкотии,и доколку немало оган не можеле да ги извршуват секојдневните обврски и поради тоа биле приморани да го чуваат и почитуваат, огништето на почетокот било центар на семејството околу што се собирале и опкружувале, пренесувањето на светиот оган од една во друга населба територија, претставувало врска на чувства и наследство што продолжува, па така и домашното и општественото огниште биле сметани за свети за кои се верувало дека секогаш биле надгледувани од божицата Хестија , а честопати имала и првенство при гозбите и обредот на жртвување, а особено била почитувана како првородено чедо на Хронос и Реја, и припаѓала на постарата генерација на богови.
Наводи
Категорија:Илијада Категорија:Старогрчка митологија Категорија:Олимписки богови Категорија:Старогрчки божици Категорија:Олимп