мини Средна Земја — измислен свет во поголемиот дел од книгите на авторот Џ. Р. Р. Толкин. Хобитот и Господарот на прстените целосно се случува во Средната земја, како и Силмарилион и Незавршени приказни. Толкин подготвил неколку мапи од Средна земја и од нејзините региони каде што се случуваат приказните. Некои биле објавени додека бил жив, иако некои од најраните мапи не биле објавени со до неговата смрт. Главните мапи биле објавени во Хобитот, Господарот на прстените, Силмарилион и Незавршени приказни. Најголемиот дел од настаните од Првото доба се случуваат во потконтинетот Белеријанд, кој подоцна бил проголтан од океанот на крајот од Првото доба; Сините планини на десниот крај од мапата на Белеријанд се истите Сини планини што се појавуваат на крајното лево на мапата од Средната земја во Второто и Третото доба. Мапата на Толкин за Средната земја, сепак, покажува само мал дел од светот; повеќето од земјите Рун и Харад не се покажани на мапата, а има и други континенти. Толкин многупати напишал дека Средната земја е сместена на нашата Земја. Ја опишал како имагинарен период од минатото на Земјата, не само во Господарот на прстените, туку и во неколку писма. Крајот на Третото доба го ставил 6 000 години пред неговото време, а Шајрот е всушност северозападна Европа (Хобитон, на пример, е на истата латитуда со Оксфорд), иако во писмата опишува и елементи од приказните како „... секундарна или супкреациона реалност“ или „секундарно верување“. За време на интервју во јануари 1971, кога го прашале дали приказните се случуваат во различна ера, рекол, „Не... во различна фаза од имагинација, да“. Сепак, потврдил дека приказните се од Земја; кога зборувал за Мидгард и за Средната земја, рекол: „О, да, тоа е истиот збор. Повеќето грешат кога мислат дека Средна земја е посебен вид земја или е друга планета како во научна фантастика, но, всушност е само сатромоден збор за овој свет во кој живееме, опкружен од океанот“.
Приказните Приказните на Толкин ја прикажуваат борбата за контрола на светот (наречен Арда) и на континентот Средна земја: од една страна ангелските Валари, самовилите и нивните сојузници меѓу луѓето; на другата страна демонскиот Мелкор или Моргот (Вала кој преминал на темната страна) и неговите помошници, главно Орки, Змејови и поробени луѓе. Во подоцнежните периоди, по поразот на Моргот и протерувањето од Арда, неговото место го зазема Саурон. Валарите се повлекле од директна вклученост во работите на Средна земја по поразот на Моргот, но, во подоцнежните години ги испратиле волшебниците или Истари за да помогнат во борбата против Саурон. Најважните волшебници се Сивиот Гандалф и Белиот Саруман. Гандалф останал верен на неговата мисија и се покажал како битен во борбата против Саурон. Саруман, сепак, станал расипан и барал да се утврди себеси како соперник на Саурон за апсолутна моќ во Средната земја. Другите раси во борбата против злото се Џуџињата, Ентовите и најпознатите, Хобити. Првите фази од конфликтот се наоѓаат во Силмарилион, додека последните фази од борбата за пораз на Саурон се во Хобитот и Господарот на прстените. Конфликтот за поседувањето и контролирањето на битните или магични објекти е повторувана тема во приказните. Првото доба е доминирано од проколнатата мисија на самовилата Феанор и поголемиот дел од неговиот клан Нолдорин за враќање на три скапоцени камења наречени Силмарили кои Моргот ги украл од нив. Втората и Третото доба се занимаваат со ковањето на Прстените на моќта и со судбината на прстенот направен од Саурон, кој на носителот му дава моќ да ги контролира и да влијае врз другите што ги носат прстените на моќта.
Историски концепти Потекло на поимот
Во древната германска митологија, зборот луѓе е познат под неколку имиња, како Мидгард, Миденхајм, Манахајм и Миденгерд. [Староанглиски јазик|Староанглискиот збор] middangeard потекнува од прагермански збор и така има когнати во јазиците поврзани со староанглискиот, како старонордискиот збор Miðgarðr од нордиската митологија, на модерен англиски препишан како Midgard. Терминот „Средна земја“, обично употребуван и како „среден свет“, според тоа, не е измислен од Толкин. Се појавува во раниот модерен англиски како развиток на зборот од средниот англиски, middel-erde (Mittelerde, на модерен германски), кој подоцна се развил преку процесот на народна етимологија од middanġeard (каде буквата ġ е меко г, при што се изговара како ј). До периодот на среден англиски, middangeard се пишувало како middellærd, midden-erde, или middel-erde, индицирајќи дека вториот елемент е повторно толкуван, заснован на неговата сличност со зборот „земја“ („earth“). Промената во значењето не е голема, сепак, middangeard правилно означува „средно земјиште“, наместо „средна земја“. Како и да е, middangeard обично е преведувано со „средна земја“ и Толкин го следел тој курс.
Примената од Толкин
Зборот middangeard Толкин го сретнал прво во старо англиски фрагмент што го студирал во 1914: Éala éarendel engla beorhtast / ofer middangeard monnum sended. Еарендел, најсветлиот од ангелите / над средната земја пратен меѓу луѓето.
Овој цитат е од вторите остатоци од поемите Крист од Циневулф. Името Еарендел бил инспирација за морнарот Ерендил на Толкин, кој патувал од Средната земја за да побара помош од ангелските моќи на Валарите. Концептот за middangeard Толкин го сметал како ист со употребата на грчкиот збор οἰκουμένη - oikoumenē (од кој е добиен зборот „игуменски“). Со таа употреба Толкин вели oikoumenē е „живеалиштето на луѓето“, со што мисли дека физичкиот свет е тој во кој човекот го живее својот живот и судбина, спротивно на невидените светови, како Рај и Пекол. „Средна земја не е мој изум. Тоа е модернизација или промена... на стариот збор за ненаселен свет од луѓе, oikoumene: средна затоа што се смета дека е сместена меѓу опкружувачките мориња и (во имагинацијата на северните народи) меѓу мразот на Северот и огнот на Југот. Многу критичари сметаат дека Средна земја е друга планета!“ - Џ. Р. Р. Толкин, Писма, бр. 21 Терминот Средна земја сепак не е употребуван во првите пишувања на Толкин за неговиот создаден свет: приказните кои датираат од раните 20-ти и кои подоцна се објавени во Книгата за загубените приказни (1983-4); ниту пак терминот е употребен во Хобитот (1937). Толкин почнал да го употребува терминот Средна земја подоцна во 1930-тите, наместо веќе употребуваните терминит „Големи предели“, „Надворешни предели“ и „Далечни предели“ што ги употребувал за опишување на овој регион во неговите приказни. Терминот Средна земја се појавува во првите нацрти за Господарот на прстените, а првото појавување на зборот „Средна земја“ во делата на Толкин е во воведот кон тоа дело: „... хобитите, всушност, живееја во мир на Средната земја многу години пред другите да дознаат за нив“.
Употреба и недоразбирања Терминот Средна земја може да се употреби и како прекар за целата творба на Толкин, наместо посоодветните, но помалку познати термини, Арда, кој упатува на светот на Толкин (вклучувајќи ги и небесните суштества) и Еа, кој упатува на универзумот. Ова се забележува и во насловот на книгите, како Целосен прирачник за Средната земја, Патот до Средната земја, Атласот на Средната земја и особено сериите Историјата на Средната земја, сите тие покриваат области надвор од строгата географска дефиниција за терминот Средна земја. Можно објаснување е дека светот Арда никогаш не се споменува во Господарот на прстените, и сè до издавањето на Силмарилионот во 1977 читателите дознале за светот.
Географија Во целиот контекст на неговата легенеда, Средната земја на Толкин била дел од неговиот создаден свет наречен Арда (кој ги вклучува и Неумирачките земји на Аман и Ересеа, отстранети од остатокот од физичкиот свет) кој самиот е дел од пошироката творба наречена Еа.
Космологијата на Средната Земја Еден начин да се разбере местото на Средна Земја во сложениот систем на Толкин е да се види целата негова творба како серија од светови во светови. Како што целиот надворешен свет е самиот универзум, наречен Еа од Толкин.Во Еа има многу мистериозни и непознати светови, но настаните во неговите приказни се случуваат во светот наречен Арда. Арда е она што ние го нарекуваме Земја, нарекувана од Толкин како Имбар или Амбар, а сонцето, месечината и ѕвездите се движат околу него. Во Арда се континентите Аман и Средна земја (кој всушност е три или повеќе континенти), одделени еден од друг со големото Море Белегер (аналогно на Атлантскиот Океан). Во неговите приказни Толкин го превел името Средна земја како Ендор и Енор во самовилските јазици Кенја и Синдарин, понекогаш упатувајќи само на континентот во кој се случуваат приказните, со друг јужен континент наречен Мрачна земја. Западниот континент, Аман, е домот на Валарите и на самовилите наречени Елдар. Ненаселен источен континент се спомнува, но не фигурира во приказните. Островот Нуменор се наоѓа во Белегер меѓу Аман и Средната земја, но подоцна е потопен. Во подоцнежните периоди Аман е исто така отстранет од творецот Еру луватар од Арда за да се спречи луѓето да стигнат до него. Во почетокот се претпоставува дека Амбар е „рамен свет“, дека сите негови населени земјишта се наредени на една страна од светот. Скечовите на Толкин покажуваат лице во вид на диск за светот кој гледа кон ѕвездите. Сепак, според тоа во Силмарилионот и Господарот на прстените, кога кралот Нуменор наречен Ар-Фаразон го окупира Аман за да ја зграпчи бесмртноста од Валарите, отстапиле од бранењето на светот и луватар интервенирал, уништувајќи го Нуменор, отстранувајќи го Аман од „круговите на светот“ и повторно обликувајќи го Амбар во денешниот кружен свет. Акалабет вели дека Нуменореанците кои преживеале отпловиле што е можно подалеку на запад во потрага по древен дом, но нивните патувања само ги одвеле околу светот и назад на почетните точки. Оттаму пред крајот на Второто доба, транзицијата од „рамна земја“ во „кружна“ била завршена. Се создале и нови острови, аналогно на Новиот Свет. Неколку години по издавањето на Господарот на прстените, во една белешка поврзана со уникатната нарација „Атрабет Финрод ах Андрет“ (која се вели дека се случува во Белеиранд за време на Војната за скапоцените камења), Толкин ја изедначил Арда со Сончевиот Систем; бидејќи Арда дотогаш се содржела од повеќе од едно небесно тело (Валинор, друга планета и Сонцето и Месечината како посебни објекти, а не како објекти кои кружат околу Земјата).
Почетокот на времето Толкин напишал дека Средна Земја или Ендор оригинално била голема симетрична шема расипана од Мелкор. Различните конфликти со Мелкор (како и поради дејствијата на Валарите во една пригода) резултирало со облиците на земјата која била разобличена. Оригинално, Арда почнал како еден рамен свет, а Валарите создале две светилки за да осветлуваат, Илуин и Ормал. Вала Алуе ги создал двете големи кули, Хелкар најсеверно и Рингил најјужно. Илуин е поставена на Хелкар, а Ормал на Рингил. Во средината, каде што светлата од светилките се соединувале, живееле Валарите на островот Алмарен, во средината на Големото езеро. Кога би се видело од вселена, географијата на Арда е симетрична. Кога Мелкор ги уништил светилките на Валарите, две големи внатрешни мориња (Хелкар и Рингил) и две големи мориња (Белегер и Источното море) биле создадени, но Алмарен и неговото езеро биле уништени. Валарите ја напуштиле Средната земја и заминале кон ново формираниот континент Аман на западот, каде што го создале својот дом наречен Валинор. За да го обесхрабрат Мелкор од напаѓање на Аман, го турнале континентот Средна земја кон истокот, со што го прошириле Белегер и издигнале пет големи планински вериги во Средна Земја, кои биле распоредени релативно симетрично, именувани како Сини, Црвени, Сиви, Жолти планини и Планините на ветрот. Овој чин ја уништил симетријата на обликот на континентите и нивните мориња.