Кил () — главен и најнаселен град во северната германска покраина Шлезвиг-Холштајн, со население од 240.832 жители (2014 г.).

Кил е приближно 90 километри северно од Хамбург. Поради неговата географска положба во северниот дел на Германија, во југоисточниот дел на полуостровот Јитланд и на југозападниот брег на Балтичкото Море, Кил станал еден од главните поморски центри на Германија. На пример, градот е познат по големиот број настани во меѓународното едрење, вклучувајќи ја и годишната Килска недела, што е најголемиот настан во едрење во светот. Олимписките натпревари во едрење на Летните олимписки игри во 1936 и во 1972 биле одржани во Кил.

Кил, исто така, е еден од традиционалните домови на балтичката флота на германската морнарица и продолжува да биде голем технолошки бродоградбен центар. Во Кил се наоѓа Институтот за поморски науки Лајбниц (IFM-GEOMAR) на Килскиот универзитет. Кил е важен поморски сообраќаен центар, благодарејќи на неговата положба на Килскиот Фјорд и на најпрометниот вештачки воден пат во светот, Килскиот Канал. Голем број на патнички фериботи сообраќаат до Шведска, Норвешка и други земји оттука. Покрај тоа, денес пристаништето Кил е важно пристаниште за тргнување на бродовите за крстарење низ Балтичкото Море.

Во 2005 година, БДП-то по глава на жител во Кил бил 35.618 €, над германскиот национален просек и 159 % од просекот на Европската Унија.

Во рамките на Германија и делови од Европа, градот е познат по неговиот водечки ракометен клуб, Кил. Градот е дом на Килскиот универзитет (основан во 1665 година).

Географија

Градот се создал во облик на потковица долж природното пристаниште на Килскиот Фјорд, кој го прави едно од најважните морски пристаниште на Балтичкото Море. Најсеверниот дел на Кил, Шилкзе, се наоѓа на отворено море. Низ Кил поминува вододелницата помеѓу Северното и Балтичкото Море. Реката Ајдер, која се влева во Северното Море, поминува низ градот како и Швентине, која се влева на крајот на Килскиот Канал. Околината на Кил е создадена од морени, а во источниот дел се наоѓа областа Холштајнска Швајцарија.

Соседни општини

Следниве општини се граничат со градот Кил (подредени од североисток надесно, на источниот брег на Килскиот Фјорд):

Округ Плен: Менкеберг и Шенкирхен (Шрефенборн), град Швентинентал (до 29 февруари 2008 г. слободните општини Клаусдорф и Рајсдорф) како и Понсдорф, Хонигзе и Бокзе (сите во Прец-Ланд)

Округ Рендсбург-Екернферде: Флинтбек (Флинтбек), Молфзе и Милкендорф (Молфзе), Мелсдорф и Отендорф (Ахтервер), Кронсхаген (слободна општина), Нојвитенбек и Фелм (Денишер Волд), Алтенхолц (слободна општина), Денишенхаген и Штранде (Денишенхаген)

Градски единици

Денес, градот Кил е поделен на 30 делови. Главно една или повеќе градски единици образуваат една од вкупно 18. градски окрузи со кои управува окружен совет.

Градските окрузи со единиците и нивните службени броеви:

Мите („Центар“) 1. Алтштат („Стар град“) 2. Форштат 3. Ексерцирплац1 4. Дамперхоф 11. Зидфридхоф1 Равенсберг/Брунсвик/Дистернброк 5. Брунсвик 6. Дистернброк 7. Блихерплац 9. Равенсберг Вик 8. Вик1 Шрефентајх/Хаселдиксдам 3. Ексерцирплац1 10. Шрефентајх 11. Зидфридхоф1 15. Хаселдиксдам Гарден 11. Зидфридхоф1 12. Гарден-Ост 13. Гарден-Зид и Кронсбург1 Хасзе/Вибург 11. Зидфридхоф1 13. Гарден-Зид и Кронсбург1 14. Хасзе1 Елербек/Велингдорф 16. Елербек 17. Велингдорф Холтенау 18. Холтенау1 Прис-Фридрихсорт 18. Холтенау1 19. Прис 20. Фридрихсорт Нојмилен-Дитрихсдорф/Опендорф 21. Нојмилен-Дитрихсдорф (со населба Опендорф) Елмшенхаген/Крог 22. Елмшенхаген (со Крог) Зухсдорф 8. Вик1 23. Зухсдорф1 Штенбек-Пројенсдорф 8. Вик1 23. Зухсдорф1 Шилкзе 24. Шилкзе Метенхоф 25. Метенхоф Русзе/Хамер 14. Хасзе1 26. Русзе Мајмерсдорф/Морзе 27. Мајмерсдорф 28. Морзе Велзе/Кронсбург/Рене 13. Гарден-Зид и Кронсбург1 29. Велзе 30. Рене

1 Означува дека градската единица е поделена на повеќе градски окрузи.

Клима

Кил се одликува со умерена клима. Летото вообичаено е свежо (околу 17 °C), а зимата под влијание на морето и за неговата северна положба дури и топла (околу 2 °C). Големи врнежи се случуваат во јули (околу 90 мм по месец). Просечната годишна температура изнесува околу 9 °C.

Историја Среден век

Килскиот Фјорд бил првпат населен од Норманите или Викинзите, кои сакале да ја колонизираат земјата, која тие ја ограбиле и и по многу години се населиле во германските села. Ова е забележано од географијата и архитектурата на фјордот. Кил, првично бил основан во 1233 година како Холстенстат том Киле (Holstenstadt tom Kyle) од грофот Адолф IV, а ги добил градските права во 1242 година од постариот син на Адолф, Јохан I фон Шауенбург.

Кил, главниот град на Шлезвиг-Холштајн, бил член на Ханзата од 1284 година, додека не бил протеран во 1518 година година поради сместување на пирати. Во 1431 година, Килер Умшлаг (Kieler Umschlag; саем) бил првпат одржан, кој станал средиштен пазар на добра и пари во Шлезвиг-Холшајн, додека не почнал да ја губи значајноста од 1850 година па натаму, поради тоа бил одржан за последен пат во 1900 година, додека неодамна повторно не бил обновен.

Современи времиња

Килскиот универзитет бил основан на 29 септември 1665 година, од Кристијан Алберт, војвода на Холштајн-Готорп. Голем број на важни научници, меѓу нив Теодор Момзен и Макс Планк, студирале или предавале тука.

мини|Историски поглед на Кил, слика изработена од Георг Браун и Франц Хогенберг мини|Кил во 1855 година мини|лево|Историска карта на Кил и околина (во 1890 година)

Од 1773 до 1864 година, градот припаѓал на кралот на Данска. Меѓутоа, бидејќи кралот владеел со Холштајн како феуд на Светото Римско Царство само преку личен сојуз, градот не бил припоен како дел од Данска соодветно. Така, Кил припаѓал на Германија, но бил управуван од данскиот крал. Дури и кога Царството бил распуштено во 1806 година, данскиот крал продолжил да владее со Кил, само преку неговата позиција како Војвода од Холштајн. Кога Шлезвиг и Холштајн се спротивставиле против Данска во 1848 година (Прва шлезвишка војна), Кил станал главен град на Шлезвиг-Холштајн до данската победа во 1852 година.

Во текот на Втората шлезвишка војна во 1864 година, Кил и остатокот од Шлезвиг и Холштајн бил освоен од Германскиот Сојуз, сојузник на Австриското Царство и Кралството Прусија. По војната, Кил бил кратко администриран од Австријците и Прусите, но Австриско-пруската војна во 1866 година довела до припојување на Кил кон Прусија во 1867 година. На 24 март 1865 година, кралот Вилхелм I Германски ја основал пруската флота на Балтичкото Море во Кил, наместо во Данциг (денешен Гдањск).

Кога Вилхелм I Пруски станал цар Вилхелм I на Германското Царство во 1871 година, ги одредил Кил и Вилхелмсхафен како „царски воени пристаништа“ (Reichskrieghäfen). Престижниот Килски јахт-клуб бил основан во 1887 година со принцот Хајнрих Пруски како негов патрон. Царот Вилхелм II станал негов комодор во 1891 година.

Порати неговата нова улога како главна германска поморска база, Кил брзо се зголемил по површина во следниве години, од 18.770 во 1864 година на околу 200.000 во 1910 година. Многу од стариот градски центар и другата околина биле изедначени и повторно развиени за да обезбедат место за поголем град.

Кил бил местото на бунтот на морнарите, што бил предизвикан од Германската револуција на крајот на 1918 година. Непосредно пред крајот на Првата светска војна, на германската флота стационирана во Кил ѝ било наредено да се испрати во последната голема битка со британската кралска морнарица. Морнарите, кои го сметале тоа како самоубиствена мисија и која нема да има влијание врз исходот од војната, одлучиле дека нема што да загубат и одбиле да го напуштат пристаништето. Дејствијата на морнарите и недостигот на одговор од владата за нив, поткрепени со зголемените критички ставови за царот, предизвикале револуција, која, пак, довела со напуштање на монархијата и основање на Вајмарската Република.

Во текот на Втората светска војна, Кил останал една од најголемите поморски бази и бродоградбени центри на Германскиот Рајх. Исто така, постоеле и кампови за принудна работна сила за локалната индустрија. Поради неговиот статус како морско пристаниште и производството на подморница, Кил бил тешко бомбардиран од сојузниците во текот на Втората светска војна. Бомбардирањето уништило 80% од преостанатиот стар град, 72% од централните станбени области и 83% од индустриската област. Во текот на РАФ-бомбардирањето на 23/24 јули 1944 година, бомбардерите на Луфтвафе се обиделе да интервенираат со измислена (т.н. патка) сила, наместо главните сили да го напаѓаат Кил, и така немало вода три дена, возовите и автобусите не возеле осум дена и немало достапно гас за готвење три недели.Дневник на кампањата: јули 44, Кралските воздушни сили 60-та команда. 4 мај 2007 Градот, неговото пристаниште, Каналот и неговите научници, биле запленети од британските Т-сили под водство на Тони Хиберт непосредно по германското предавање на западните Сојузници; ги запреле и пристапиле до Данска не паѓајќи под советска власт, и покрај тоа што биле надвор од стоп-линијата, која била договорена.

Како сите други тешко бомбардирани германски градови, градот бил обновен по војната. Во 1946 година, Кил бил именуван за седиште на владата на Шлезвиг-Холштајн и официјално станал покраински главен град во 1972 година.

Кил е повторно важен поморски центар на Германија, со бродоградбата, изградбата на подморници и дом на една од трите водечки институции на полето на морски науки во Европа ИФМ-Геомар. Редовните траекти до Скандинавија и Русија, како и најголемиот настан за едрење во светот познат како Килска недела (Kieler Woche) и Килска Регата. Kieler Umschlag е друг фестивал, кој се одвива од 1975 година. Кил, исто така, е дом на големиот услужен сектор и голем број на истражувачки институции, меѓу нив и Килскиот универзитет, кој е најстариот, најголемиот и најпрестижниот универзитет во покраината.

Религии Христијанство

мини|Црквата Св. Никола на Стариот плоштад е најстарата зачувана градба во градот.

Денес, населението на Кил 48% се изјаснува за евангелисти и 7% католици. Вкупно постојат 23 евангелистички општини и 3 католички парохии.

Населението на градот Кил на почетокот припаѓало на Архиепископијата Бремен, а оттаму на Епископијата Шлезвиг. Од 1526 година се вовела реформацијата. Во 1534 година католиците морале да се откажат од единствената парохиска црква во градот (постои уште една црква). Четири години претходно бил затворен францисканскиот манастир во Кил. Потоа, Кил долго време бил преовладувачки протестантски град, кој припаѓал на Евангелистичко-лутеранската црква на Шлезвиг-Холштајн. Денес, лутеранските црковни општини на градот припаѓаат на — доколку не се членови на Самостојната евангелистичко-лутеранската црква или на Данската црква во Јужен Шлезвиг (во Кил-Холтенау) — црковниот округ Алтхолштајн во рамките на Евангелистичко-лутеранската црква на Северна Германија.

Во 1891 година била изградена првата католичка парохиска црква по реформацијата. Црковните општини на Кил припаѓаат на некогаш постојниот Апостолски викаријат на Северна Германија. Католичките општини во Кил и околината припаѓаат на Хамбуршката архиепископија.

Од евангелистичките слободни цркви во Кил постојат баптистите (од 1872 г.), Евангелистичко-методистичката црква, Слободната евангелистичка општина, адвентистите и други општини.

Други христијански општини и црковни заедници во Кил се Апостолската заедница, Јеховини сведоци, Новаапостолска црква, Црквата на Исус Христос Светиот (мормони) и оние поттикнати од антропозофија.

Јудаизам