Сарбрикен (; ; ) — главен град на покраината Сар во Германија. Градот се наоѓа во срцето на метрополитенската област, која се граничи на запад со Дилинген и на североисток со Нојнкирхен, каде што повеќето луѓе во Сар живеат.
Сарбрикен претставува индустриски и сообраќаен центар во големиот јагленски басен. Производството вклучува железо и челик, шеќер, пиво, керамика, оптички инструменти, машини и градежни материјали. Меѓутоа, во текот на последните декади, индустриската важност на Сар опаѓа, како што рударската индустрија станала непрофитабилна.
Историските знаменитости на градот се камениот мост преку реката Сар (1546), готската црква Свети Арнуал, замокот Сарбрикер од 18-от век и стариот дел на градот, Маркт Свети Јоханер. Во 1815, Сарбрикен бил под пруска контрола и на двапати во 20-от век (1919–35 и 1945–57) територијата на Сар била под француска администрација. Поради оваа причина, заедно со неговата близина до француската граница, задржал одредено француско влијание.
На денешниот германски Сарбрикен (Saarbrücken) буквално означува мостови над Сар и навистина има околу дузина мостови над реката Сар. Меѓутоа, името всушност претходи на секој мост на ова место најмалку 500 години претходно. Историското име на градот е всушност Sarabrucca, што доаѓа од старогорногерманскиот збор Brucca, што доаѓа од Brocken во горногерманските јазици (камен или карпа).
Историја
Римско Царство
Областа Сар била припоена кон Римското Царство во првиот век п.н.е. и подоцна била под контрола на Франките. Во 925, станала дел од Светото Римско Царство.
Среден век до 18-от век
Од 1381 до 1793, грофовите од Насау-Сарбрикен биле главните локални владетели. Често се бореле за нивните посилни соседи; областа дошла под француска доминација во 16-от век и била припоена кон Франција во 1680-тите. Франција била принудена да се откаже од Сар во 1697, но од 1793 до 1815 година повторно ја стекнала контролата над областа.
19 век
По 1815, поголемиот дел од областа бил дел од пруската Рајнска Покраина. Во текот на 19-от век, ресурсите на јаглен и железо во регионот биле развиени. На почетокот на Француско-пруската војна областа била првата цел на француските инвазиски сили и ја окупирале помеѓу 2 и 4 август 1870, во текот на оваа војна.
20 век
Според Версајскиот договор (1919), рудниците за јаглен во Сар станале ексклузивна сопственост на Франција за период од 15 години, како компензација за уништувањето на француските рудници во текот на Првата светска војна. Договорот, исто така, предвидувал плебисцит, на крајот на 15-годишниот период, за да се утврди идниот статус на областа и во 1935 година повеќе од 90% од електоратот гласал за повторно обединување со Германија, додека само 0,8% гласале за обединување со Франција. Останатите сакале да се приклучат на Германија, но не додека нацистите биле на власт. Оваа статус кво група гласала за задржување на администрација на Друшвото на народите. Сар, потоа се вратил на Германија.
Втора светска војна
Тешко бомбардиран во Втората светска војна и станал дел од француската окупациска зона во 1945, но од областа била направена посебна зона во 1946. Во 1947, Франција ја создала номинално политички независниот протекторат Сар и бил споен економски со Франција со цел да се искористат огромните резерви на јаглен во областа. Политичкиот притисок на Франција од Западна Германија и другите, како и отфрлањето на граѓаните на Сар за компромисното решение за европеизација на областа, довело до политичко обединување со Сојузна Република Германија на 1 јануари 1957 година. Економската реинтеграција, меѓутоа, потрајала извесно време.
Инфраструктура
Градот е опслужен од аеродромот Сарбрикен (SCN) почнувајќи од јуни 2007 ICE брзите возови по линијата LGV Est обезбедуваат брзи врски до Париз од главната железничка станица Сарбрикен. Уникатно, „Saarbahn“ на Сарбрикен (направен според Модел Карлсруе за лесен шински систем) ја поминува француско-германската граница, поврзувајќи го француски град Саргемин.
Образование
Сарбрикен, исто така, е дом на главниот кампус на универзитетот Сар (Universität des Saarlandes). Заедно со универзитетот функционираат и неколку истражувачки центри, меѓу кои се:
Институт за компјутерски науки Макс Планк, Институт за софтверски системи Макс Планк, Хелмхолц институт за фармацевтски истражувања Сар (HIPS), Фраунхофер институт за недеструктивни тестирања, Германски истражувачки центар за вештачка интелигенција, Центар за биоинформатика, Институт Европа, Ботаничка градина на Универзитетот Сар (ботаничка градина) и Корејски институт за наука и технологија Европско истражувачко општество.
Географија Клима
Регион
Некои од најблиските големи градови се Трир, Луксембург, Нанси, Мец, Кајзерслаутерн, Карлсруе и Mанхајм. Сарбрикен е, исто така, поврзан со градскиот јавен превоз со градот Саргемин во Франција, дозволувајќи лесно поминување на границата помеѓу двете земји. Исто така, е поврзан и со сателитскиот град Фелклинген, каде што фабриката за стар челик била прогласена за првиот индустриски споменик што се како светско културно наследство на УНЕСКО во 1994 — Völklinger Hütte.
Меѓународни односи
thumb|255|right|Сарбрикен е збратимен со Тбилиси, Грузија
Сарбрикен е член на унијата на градови QuattroPole, заедно со Луксембург, Мец и Трир (соседните држави: Луксембург и Франција).
Збратимени градови
Сарбрикен е збратимен со:
22x20px|Грб на Котбус Котбус, Германија 22x20px|border|Знаме на Нант Нант, Франција 22x20px|border|Знаме на Тбилиси Тбилиси, Грузија
Познати луѓе
Петер Курц (11 ноември 1881 - 10 октомври 1977), музичар Макс Орхилс (6 мај 1902 - 25 март 1957), филмски режисер Волфганг Штауте (9 октомври 1906 - 19 јануари 1984), филмски режисер Валтер Шнеленберг (16 јануари 1910 - 31 март 1952), германски нацист (главен на надворешната интелигенција) Герхард Шредер (11 септември 1910 - 31 декември 1989), политичар Ото Штајнерт (12 јули 1915 - 3 март 1978), фотограф Фредерик Фестер (23 ноември 1925 - 2 ноември 2003), биохемичар Фредерик Бак (8 април 1924), канадски аниматор Ханелор Барон (8 јуни 1926 - 28 април 1987), колажен и монтажен уметник имигрирал во САД во 1941 Цви Авни (2 септември 1927), израелски композитор Сандра Крету (18 мај 1962), пејачка Клаудија Коде-Килш (11 декември 1963), тенисерка Никол (25 октомври 1964), пејачка Манфред Тренц (29 ноември 1965), дизајнер за игри Андреас Ешер (23 јануари 1966), дизајнер за игри
Почесни граѓани
Вили Граф (2 јануари 1918 - 12 октомври 1943), член на Бела роза група на отвор Рихард Бекер (политичар) (10 октомври 1884 - 11 април 1969), политичар и стопанственик
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Службена страница Аеродром Сарбрикен
Категорија:Главни градови на германските покраини Категорија:Градови во Сар Категорија:Универзитетски градови во Германија Категорија:Рајнска Покраина