Небахат Бади Бекир(р. 1962 во Скопје - 20 ноември 2025 во Скопје) — македонска пејачка на народна музика. Таа живее и работи во Скопје. Покрај соло кариерата, Бади понекогаш настапува со групата наречена „Четири грации“, каде покрај Бади се и Благица Павловска, Адријана Алачки и Росана Тодоровска. Нарекувана е македонската Весна Змијанац.
Биографија Првите чекори на сцената ги прави во детските денови како член на играорна група изучувајќи го во исто време и македонскиот и турскиот фолклор. Како дебитант на музичката сцена се појавува во 1985 година на фестивал на забавни мелодии. Паралелно пее на турски, албански и македонски јазик. Најплоден период на нејзината кариера е за време на големите југословенски турнеи. По распадот на Југославија и се посветува на македонската фолк песна. Следат настапи на македонските фестивали, соработка со бројни автори и турнеја во австралија во 2002 година. Во 2004 година станува една од Грациите. Во 2006 година прославува 20 години постоење на естрадата.
Наводи
Поврзано Македонски Турци Македонска музика
Надворешни врски
Ei gione ei - песна на Бекир, испеана на Влашки јазик
Категорија:Македонски пејачи Категорија:Македонски Турци