Разгорот на народноослободителната борба на Македонија се одвивал во текот на 1943 година. По формирањето на КПМ и неговиот централен комитет било решено Главниот штаб на НОПОМ и другите воени штабови да излезат на терен за непосредно раководење на оружената борба. Беа формирани и пет обласни комитети на КПМ и пет оперативни зони на НОВ и ПОМ, со задача да се поврзат со воено-политичките раководства на отпорот во Албанија, Бугарија и Грција.
Во Пиринскиот дел на Македонија беше формиран НОПО Јане Сандански, а потоа и НОПО Никола Калапчиев во Горноџумајско, НОПО Антон Попов во Петричко и партизанските чети во Светиврачко и во Мелничко. Беа создадени силни жаришта на оружената борба во Дебрца, Преспа, Тиквешко, Гевгелиско и Кумановско.
На Преспанското советување било решено да почнат подготовките за свикување на Првото заседание на АСНОМ како највисок орган на власта во македонската држава, да се формираат баталјони и бригади, команди на местата и на подрачјата, обласнии околиски НОО. Наскоро потоа бил формиран Народноослободителниот баталјон Мирче Ацев како прва регуларна воена единица на НОВ и ПОМ.
По капитулацијата на Италија единиците на НОВ и ПОМ запленија големо количество оружје и муниција. На слободните територии се создавале и легални НОО, бил формиран и првиот легален Околиски НОО во слободното Кичево, биле организирани санитетска и амбулантна служба, беа отворени првите училишта на македонски наставен јазик и се одржа првиот свештенички народен собор како зачеток на автокефалноста на македонската црква. Издавачката дејност на македонски јазик добиваше уште поголеми размери.
Беше објавен Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ како програмски документ за целите на НОАВМ. При ГШ пристигна и првата англиска сојузничка мисија како значаен акт на меѓународно признание на НОАВМ.
Воените сили на НОВ и ПОМ нараснаа на 6 баталјони, една чета со тешко оружје и една батерија топови, а беше формирана и Првата македонско-косовска НОУ бригада. ЦК на КПМ и ГШ на НОВ и ПОМ го формираа Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и беа избрани 42 делегата за Второто заседание на АВНОЈ, кои поради воените услови не успеаја да учествуваат во неговата работа.
Во Костурско и Леринско, во Егејскиот дел на Македонија, беа формирани Славјаномакедонскиот народноослободителен фронт (СНОФ) и Славјаномакедонската ослободителна војска (СОВ) како вооружен дел на СНОФ, во чии рамки дејствуваа НОПО „Лазо Трповски“ и НОПО „Вичо“. ГШ на НОВ и ПОМ почна да води покрупни воени операции. Беше формирана Втората МНОУ бригада Мегленско и по два дена таму се одржа и Првиот конгрес на Народноослободителниот младински сојуз на Македонија, со учество на 288 делегати од младинските организации.
Воено-политички мерки за разгор на востанието во Вардарска Македонија мини|лево|150п|Светозар Вукмановиќ – Темпо Раководителите на ослободителното движење во Вардарска Македонија во почетокот на 1943 година презеле конкретни мерки за посилен развој на вооружената борба. ЦК на КПЈ во ноември 1942 година донел одлука да го испрати како свој делегат Светозар Вукмановиќ – Темпо за подрачјето на Вардарска Македонија, јужна Србија и Косово. Во постарата историска литература неговото испраќање во Македонија се толкува како мерка на КПЈ за засилување на вооружената борба во овој дел од Македонија, меѓутоа во поновата литература таквото толкување се доведува под знак прашалник Неисторичност и мородерство. На 16 јануари 1943 година, врховниот командант и секретар на ЦК на КПЈ, Тито, испратил писмо до Покраинскиот комитет за Вардарска Македонија, во кое изнел оценка за работата на партијата во овој дел на Македонија, истакнувајќи ги слабостите во движењето, согласно неговите погледи, истовремено објаснувајќи повеќе прашања од развитокот на ослободителната борба.
Раководителиет во вардарскиот дел на Македонија својата активност ја насочиле кон ифрлање на нови партизански одреди во оние подрачја каде што такви не постоеле Тетовско, Гостиварско, Штипско, Тиквешко, Гевгелиско и други места, задржување и зацврстување на постојните одреди, нивно меѓусебно поврзување, засилени акции против окупаторските сили, создавање на нови бази и слично. Отука, биле издадени голем број на наредби, прогласи, летоци, писма и разни инструкции за активноста на одредите преку зимата, за мобилизацијата на новите борци во партизанските одреди. Биле издадени голем број на наредби и упатства за спречување на бугарската воена мобилизација во Македонија. мини|лево|150п|Кузман Јосифовски - Питумини|десно|150п|Страхил Гигов Во текот на јануари 1943 година Главниот штаб издал издал наредби до сите месни воени раководства и штабови во кои биле изнесени мерките што требало да ги преземат одредите за нивно зачувување и заздравување на воената организација, за начинот на дејвување во заднина и подготовките што требало да ги извршат за претстојното засилување на одредите и вооружената борба. На територијата окупирана од Италија, членовите на Покраинскиот комитет - Кузман Јосифовски - Питу и Страхил Гигов добиле задача организациски да ја зацврстат и да ја прошират партиската организација и да извршат подготовки за исфрлање на партизански одреди во овој дел на Македонија. Во екот на засилените подготовки во Вардарска Македонија пристигнал во втората полвина на февруари 1943 година делегатот на ЦК на КПЈ - Светозар Вукмановиќ – Темпо.
Во пролета 1943 година раководителите на ослободителната борба во Варадрска Македонија извршиле нова анализа врз основа на која заклучиле дека се постигнати големи политички и воени успеси, дека постојат услови за уше посилен развој на вооружената борба. Врз основа на овој заклучок биле преземени активности за развој на партиско-политичкиот и воениот план:
Осамостојување на Комунистичката партија на Македонија (вардарскиот дел) и формирање на Централен комитет и реорганизација на Партијата. Создавање на единстевн народносолободителен фронт од сите патриотски сили што се против окупаторот и домашните соработници и што ја приваќаат борбата за национално ослободување. Формирање на нови партизански одреди и реорганизација на Главниот штаб. Поделба на Вардарска Македонија на пет оперативни зони. Главните сили најпрво да се насочат кон територијата под италијанска окупација, каде штои постоеле најпогодни сулови за делување и таму да се упатат ЦК и Главниот штаб. Преземање на мерки за уште поширока соработка со грчкото, бугарското и албанското ослободително движење. Истовремено да се преземат мерки за поширока соработка со Главниот штаб за Косово, како и со раководствата во јужна Србија, како и создавање на заеднички оперативни штабови и мешовити единици.
Формирање на Комунистичка партија на Македонија
При крајот на февруари 1943 година е формирана Комунистичката партија на Македонија и нејзиниот Централен комитет, во состав: секретар Лазар Колишевски (во тоа време во затвор во Царството Бугарија), членови, Кузман Јосифовски - Питу, Цветко Узуновски, Страхил Гигов, Мара Нацева и Бане Андреев.
На 19 март 1943 година во Тетово, Централниот комитет на КПМ ја одржал првата седница. Со создавањето на КПМ се создале услови за создавање на македонски кадри за водење на борбата, меѓутоа тие требало доследно да ја спроведуваат политиката на КПЈ Историја на македонскиот народ, книга трета, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година. Набргу потоа од предвидените пет, биле формирани четири обласни комитети. Териториите на обласните комитети се поклопувале со териториите на партизанските воени оперативни зони. Потоа биле формирани поголем број на околиски комитети, така што КПМ ја опфатила територијата на цела Вардарска Македонија.
види: Сојуз на комунистите на Македонија
Зајакнување и дејствија на партизанските одреди мини|десно|300п|Поделбата на Вардарска Македонија на оперативни зони на НОВ и ПОМ и пет обласни комитети на КПМ (1943) Во пролета 1943 година Главниот штаб презел низа мерки. За поуспешно и полесно организирање на вооружената борба, Вардарска Македонија била поделена на пет оперативни зони. Истовремено биле изработени планови за формирање на и активност на партизанските одреди. Од посебно значење била одлуката на Главниот штаб и штабовите на оперативните зони за непосредно раководење на партизанските одреди, односно излегување на раководителите на теренот.
Воено-политиичката активност во првата половина 1943 година се одликува со бројно зголемување и зацврстување на партизанските одреди. Во овој период дејствувале следниве партизански одреди:
Прва оперативна зона: Тетовско-Гостиварско, Мавровско, Кичевско и Дебарско - по неуспешните обиди во Тетовско да се формира партизански одред, како и по разбивањето на Гостиварско-мавровскиот одред, на 21 мај 1942 година се формирал Кичевско-мавровскиот одред. Во сосотавот на одредот влегле преживеани борци од разбиенот одред и нови борци од територијата на Маврово, Гостивар, Кичево, Дебрца, како и борци од Крушевскиот одред од 1942 година. Истовремено биле преземени мерки за создавање на албански партизански одред. Во Кичевско во почетокот на 1943 година дејствувала посебна вооружена албанска група, од околу 10 души. Во средината на јуни е формиран албански партизански одред, кој во текот на јули, пополнет со нови борци, дејствувал како втор партизански одред во зоната под името Втор кичевско-мавровски одред. Втора оперативна зона: Пелагонија, Преспа, Охридско и Струшко - во средината на март одредите Јане Сандански и Дамјан Груев се соединиле во еден одред Дамјан Груев, на 20 мај по значително зголемување на борците во него, се формирале два одреда Даме Груев и Гоце Делчев. Во реонот на Прилеп - Азот продолжиле дејствата на партизанската група која била остаток од одредот Димитар Влахов. Трета оперативна зона: Велешко, Тиквешијата, Гевгелиско и Мариовско - во средината на мај се формирале два одреда Сава Михаилов и Добри Даскалов. Четврта оперативна зона: источниот дел од Вардарска Македонија - на 17 мај се формирал Брегалничкиот партизански одред, кој веднаш по формирањети во близината на Виница бил нападнат и разбиен од бугарската полиција. Петта оперативна зона: Скопје, Куманово и Кривопаланечко - во соработка со Вториот јужноморавски одред, на Козјак планина на 2 август се формирал Кумоновскиот партизански одред, а Шарпланинскиот одред во реонот на Вратница и Шар Планина прераснал во Макеоднско-косовски партизански одред, а кон него се приклучил и Скопскиот партизански одред.
Во овој период дејствувале 8 партизнаски одреди и други помали групи во сите оперативни зони. Сите тие биле во постајно делување. Кичевко-мавровскиот одред ја нападнал карниниерската станица кај селото Сливово на 5 мај, потоа уследиле нападот на возот кај Пресека, борбата кај делото Карбуница, нападот на Крушево и големиот број на одржани митинзи по селата низ Мавровско, Кичевско, Дебрца, Струшко и Дебарско, каде што биле создадени и нови орани на борбата.
Партизаните од битолските одреди имале голем полупречник на движење, политички и воени акции. Одредот Даме Груев, кој по комплетирањето агитационо дејствувал на албанска територија, требало да мине на територијата на Егејска Македонија. За таа цел, селаните од село Коњско со чунови ги префрлиле борците во селото Живици. По извршената задача Одредот повторно се вратил во Коњско. Иако со примитивни средства, сепак префрлањето на комплетна партизанска единица со чунови претставува значаен момент од војувањето на македонските партизани воопшто. мини|десно|350п|Одред Гоце Делчeв