За градот во Велика Британија, видете Бирмингем.

мини|350п | Поглед на градот

Бирмингем () е најголемиот град во Алабама, САД, административен центар на округот Џеферсон. Основан е во 1871 како центар на црната металургија и е наречен по англискиот град Бирмингем. Населението во Бирмингем изнесува 196,644 жители (2023). Има железнички јазол, пристаниште и аеродром на 8 км од градот. Развиени се металуршката, коксовохимичната, машиностроителната и оружената индустрија.

Познати личности од Бирмингем Во Бирмингем е родена глумицата Кортни Кокс (р. 1964) и Гил Хил (р. 1931) - полициски офицер, глумец и политичар, познат со учеството во трилогијата Ченг од Беверли Хилс, каде што ја игра улогата на инспекторот Тод од Детроитската полиција.

Збратимени градови Аншан, Кина Виница, Украина Гверу, Зимбабве Пилсен, Чешка 20px|Знаме на Унгарија Секешфехервар, Унгарија Хитачи, Јапонија

Категорија:Градови во Алабама Категорија:Населени места основани во 1871 година