Гелдерланд (холандски: Gelderland) — покраина во Холандија. Гелдерланд е најголема покраина по површина во Холандија. Главен град на покраината е Арнем, но Најмеген е најголем град со приближно 170,000 жители. Други голем регинални центри во покраината се: Апелдорн, Еде, Дутинхем, Зутфен, Тил, Вагенинген, Зевенар, Винтерсвајк и Хардервајк. Покраината се наоѓа во централно-источниот дел на државата, и граничи со Германија.

Населението во Гелдерланд во 2015 година изнесувало 2 милиони жители.

Потекло на името Името на покраината води корени од некогашното војводство Гелдерланд кое опфаќало и делови од денешната покраина Лимбург и дел од денешна Германија (таму е градот Гелдерн).

Општини

Алтен Апелдорн Арнем Ауде Ајселстрек Барнефелд Берг ен Дал Беркеланд Беунинген Бронкхорст Брумен Бурен Вагенинген Вајхен Вест Бетуве Вест Мас ен Вал Вестерфорт Винтерсвајк Даувен Друтен Дусбург Дутинхем Еде Елбург Епе Ермело Залтбомел Зевенар Зутфен Кулемборг Лингевард Лохем Масдрил Монтферланд Најкерк Најмеген Недер-Бетуве Нунспет Овербетуве Олдебрук Ост Гелре Путен Реден Ренкум Розендал Схерпензел Тил Форст Хардервајк Хатем Херде Хеумен

Наводи

Надворешни врски

Службено мрежно место Гелдерланд на Википатување

Категорија:Покраини во Холандија