мини|275x275пкс|Партизанската печатница во Лопушник.
Партизанската печатница „Гоце Делчев“ — поранешна нелегална партизанска печатница и сегашен меморијален музеј со амбиентално уредена постојана изложба.
Историја Во перидот од ноември 1942 до јуни 1943 година работела во селото Битуше. Во почетокот на јуни 1943 година била пренесена во базата на планината Лопушник.Митре Инадески, Илегалните техники во Македонија во времето на НОВ, Скопје, 1961
По ослободувањето на Вардарска Македонија биле извршени конзерваторско-реставраторски работи на куќата во која била сместена, а нејзиниот внатрешен дел бил преуреден како постојана историска и етнолошка поставка во 1961 година. Оригиналната дрвена печатница по ослободувањето од Светозар Вукмановиќ – Темпо била однесена во Воениот музеј во Белград, каде што се наоѓа и денес.
Дејност Во неа биле печатени разни материјали, брошури, билтени, извештаи и слично, за потребите на Централниот комитет на КПМ, Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија и воопшто за Македонското народноослободително движење.
Изданија мини|225x225пкс|Материјалите користени за печатењето
„Македонски народно-ослободителни песни“, Том I, јуни 1943 година „Прогласот до македонскиот народ“, август 1943 година „Македонски народно-ослободителни песни“, Том II, август 1943 годинаПосмртно издадено во чест на Кочо Рацин Првите броеви на „Нова Македонија“, „Македонка“ и „Млад борец“ „Илинденски Пат“
Поврзано Битуше Лопушник Македонија во Втората светска војна Ѓурѓа Божиновска Зорка Божиноска - Николоска Илка Василеска Селвија Гавриловска Дилба Ефтимова
Извори
Категорија:Битуше Категорија:НОБ Категорија:Македонија во Втората светска војна