Јестрикланд (швед. ) е историска покраина (landskap) на источното крајбрежје на Шведска. Се граничи со покраините Упланд, Вестманланд, Даларна и Хелсингланд, и со Ботнискиот Залив. Јестрикланд е најјужната покраина во крајот Норланд.

Управа Традиционалните покраини во Шведска немаат административна улога, туку постојат само како културно-историски целини. Во случајот на Јестрикланд, покраината го опфаќа јужниот дел на административниот округ Јевлеборг.

Географија Јестрикланд честопати се нарекува „Врата кон Норланд“ бидејќи била минувалиште за оние што оделе во овој северен крај, кој во минатото бил ретко населен, неистражен и покриен со шуми, планини и езера.

Геслото на покраината гласи „Железното Кралство“ (Järnriket).

Главните делови на Јестрикланд се состојат од рамничарски предели, кои на југ и исток преоѓаат во плодни земјоделски површини. На север и запад теренот станува ридест, пошумен и непогоден за обработка. Во северозападниот агол се наоѓа највисоката планина во покраината, наречена Лустигкноп (Lustigknopp, букв. „смешна качулка“), со висина од 402 м. Планината е тромеѓа кајшто се среќаваат покраините Јестрикланд, Хелсингланд и Даларна.

Покраината нема многу големи водни површини, но изобилува со мали езера, кои вкупно сочинуваат од територијата. Најголемо езеро е Стуршен, со површина од 72 км2.

Во Јестрикланд се наоѓа и националниот парк Фернебофјерден.

Населени места

Бр.12345678910111213 Име Општина Население Површина(ха) Густина(жит./км2) Општ. код Јевле Јевле 68.700 4.179,36 1.643,79 7.076 Сандвикен Сандвикен 22.574 1.545,70 1.460,44 7.272 Хуфорш Хуфорш 7.021 707,62 992,20 7.112 Валбу Јевле 6.911 814,34 848,66 7.344 Окелбу Окелбу 2.709 416,34 650,67 7.236 Јербу Сандвикен 2.700 257 700 7148 Стурвик Сандвикен 2.251 262,95 856,06 7.296 Фуршбака Јевле 1.748 170,82 1.023,30 7.052 Орсунда Сандвикен 1067 124,49 857,10 7.376 Хедесунда Јевле 1.048 167,08 627,24 7.104 Туршокер Хуфорш 873 122,08 715,10 7.332 Естерфернебу Сандвикен 550 119,26 461,18 7.384 Омут Окелбу 306 144,96 211,09 7.372

Историја Сè до XIV-XV век, Јестрикланд бил дел од Упланд. Рударството и железарството се најзначајни гранки уште од V век, особено во Хуфорш и Сандвикен. Овие места и денес произведуваат наменски челик и други послебни метали, и вработуваат околу 6.500 луѓе.

Наводи

„Јестрикланд“ - Нордиска семејна книга (1909)

Надворешни врски Јестрикланд - туристички портал

Категорија:Покраини во Шведска