мини|десно|245п|Карта на општина Чешиново-Облешево со селските атари. мини|десно|245п|Демографска карта на општина Чешиново-Облешево со селските атари.

Општина Чешиново-Облешево — општина во Кочанско, Источна Македонија. Општинско седиште е селото Облешево. Општината била создадена во 2004 година со спојување на општините Чешиново и Облешево.

Историја

Историјата кажува дека денешната територијата на општина Чешиново-Облешево отсекогаш била центар на овој регион каде биле сместени органи на државната управа за секоја власт своевремено. Историските податоци кажуваат дека уште со формирањето на кралството СХС па сè до крајот на Втората светска војна овде било сместено седиштето на локалната власт на српските управители а подоцна и на бугарските кметови за време на Втората светска војна.

Со првиот закон за територијална организација на општините во Република Македонија од 1996 година на оваа територија постоеле две општини и тоа Општина Облешево и Општина Чешиново. Со законот за територијална организација од 55/2004, 12/2005 година општина Чешиново се припои кон општина Облешево во заедничка општина со едно име Општина Чешиново-Облешево.

Општи податоци

Општината Чешиново-Облешево се наоѓа во најнискиот рамничарски предел од Кочанско Поле. Зафаќа простор во средното сливно подрачје на реката Брегалница, во подножјето на планините Осогово и Плачковица.Општината зазема средишна позиција помеѓу поголемите градски општини Кочани, Штип и Пробиштип. Преку главната сообраќајница Штип-Кочани-Делчево, општината се поврзува со Р. Бугарија.

Општина Чешиново-Облешево зафаќа територија од 133,5 км2, на која се протегаат следните населени места: Чешиново, Облешево, Соколарци, Спанчево, Теранци, Чифлик, Кучичино, Бурилчево, Уларци, Жиганци, Бања, Врбица, Ново Селани и Лепопелци. Седиште на општината е Облешево. Целокупниот регион на општината е поделен на рамничарски дел- обработливо земјиште 6.618 ха и планински дел-шуми 1.045,3 ха. Просечната надморска височина во општината изнесува 338.Изразено по населени места тоа изгледа вака:

Село Надм. вис. (м) Површина во атарот (км2) Вкупна земјоделска површина (ха) Обработливо земјиште Пасишта Шуми Бања 370 10,4 865 401 461 3 Бурилчево 330 5,6 516 286 224 6 Врбица 430 11,5 1.100 430 650 20 Жиганци 320 7,2 641 577 60 4 Кучичино 320 10,2 936 422 509 5 Лепопелци 330 4,0 352 308 44 0,5 Ново Селани 330 2,1 183 162 21 0,2 Облешево 305 6,3 587 579 8 0,6 Соколарци 340 19,0 1890 893 990 7 Спанчево 350 17,6 1.289 484 785 20 Теранци 340-400 21,6 2.012 614 445 953 Уларци 305 5,3 439 408 18 13 Чешиново 335 7,0 634 619 15 — Чифлик 295 5,7 513 435 65 13 Вкупно 133,5 11.957 6.618 4.295 1.045,3

Население Според последниот попис од 2002 година општината има 7.490 жители, од кои: Народ ВкупноУдел (%) Македонци 7.453 99,54 Албанци 0 0,0 Турци 3 0,01 Роми 0 0,0 Власи 28 0,40 Срби 4 0,05 Бошњаци 0 0,00останати 2 0,01

Вероисповед Вкупно православни 7.467 муслимани 1 католици 0 протестанти 0 останати 22

Јазик Вкупномакедонски 7.452албански 0турски 3ромски 0влашки 28српски 4бошњачки 0 останати 3

Сè до средината на минатиот век немаме пишани податоци за бројот на населението на територија на општина Чешиново-Облешево.Првите податоци ги сретнуваме дури во 1866 година, но и тие не се точни бидејќи се дадени по проценка: за македонското население е даден вкупниот број а за турското-само за машкото население.Поточни податоци се сретнувааат некаде дури околу 1900 година.Во табелата е наведен бројот на населението во сите населени места почнувајќи од 1900 година:

Населено место 1900 1948 1961 2002 Бања 200 629 687 436 Бурилчево 100 178 240 149 Врбица 100 278 213 18 Жиганци 156 430 579 358 Кучичино 350 567 760 591 Лепопелци 140 135 156 17 Ново Селани - 78 123 71 Облешево 350 673 1011 1.098 Соколарци 680 1055 1307 946 Спанчево 785 923 1209 996 Теранци 395 834 882 710 Уларци - 334 465 356 Чешиново 310 791 1134 1.056 Чифлик 220 392 623 688 Вкупно 3.786 7.297 9.389 7.490

Денес на територија на општина Чешиново-Облешево живеат вкупно 7.490 жители (Попис 2002 година) изразено во домаќинства бројот изнесува вкупно 2.423 домаќинства или 2960 станови за живеење. Просечен број на членови на едно домаќинство изнесува 3,1. Според националната припадност на територија на општината живеат 7.455 Македонци, 30 се влашко население 4 срби и 1 се изјаснил како останато.Од вкупниот број на жители 45,6% се активно население.Густината на населението изнесува 56,6 жители на 1 км2. Миграцијата село-град последните години е доста опадната и младото население останува во општината, барајќи издршка во земјоделието.

Во табелата е прикажан вкупниот број на население даден според возрасни групи, состојба 30.06.2008 година, по спецификации. (Податоци од ДЗС)

Старосна група Вкупно Мажи Жени 0 56 34 22 1-2 113 58 55 3-4 117 64 53 5-6 125 69 56 7-9 224 111 113 10-14 413 208 205 15-19 494 245 249 20-24 525 278 247 25-27 308 167 141 28-29 179 92 87 30-34 521 305 216 35-39 481 266 215 40-44 507 262 245 45-49 558 308 250 50-54 566 309 257 55-59 540 296 244 60-64 414 203 211 65-69 348 170 178 70-74 365 159 206 75-79 248 97 151 80+ 214 86 128 Сите 7319 3789 3530

Природни ресурси Клима

Карактеристична за ова поднебје е умерено континенталната клима која се одликува со долги и топли лета и кратки и благи зими.Годишната температурна амплитуда е доста голема и изнесува 25,4 °C.

Во Чешиново-Облешево зимата не е многу студена и не трае долго, ретко паѓа снег а и кога ќе падне не се задржува долго.Пролетта е умерено топла и во споредба со другите годишни времиња е доста врнежлива.Наспроти неа летото е многу топло и суво. Есента исто така е топла и често доста долга.

Ветровите во општина Чешиново-Облешево дуваат речиси од сите правци и во секое време од годината. Сепак најголема честина имаат ветровите кои дуваат од југозападен и од западен правец. Овие ветрови доаѓаат од Овче Поле поради што населението ги вика под едно име Овчеполец. Тоа се главно топли и прилично благи ветрови. Дуваат најмногу во пролет и во есен. На второ место е североистчниот ветар кој доаѓа по долината на реката Брегалница.Тоа е студен ветар и донесува ведро време. Дува најмногу зиме.

Од температурата на воздухот зависи неговата влажност која е важен климатски елемент за земјоделството .Просечната релативна влажност на воздухот изнесува 70%. Најниска е во месец август 56% а највисока во месец декември 83%.

Во Чешиново-Облешево паѓа просечно по 538мм дожд. Најмалку дожд паѓа во месец јули 25 мм, а најмногу во мај 68 мм. Најголем број од врнежите се во вид на дожд.

Бројот на деновите со магла е незначителен и облачноста не е голема. Средната годишна облачност изнесува 5,0. Вовлечен ред

Почва Општина Чешиново-Облешево располга со земјиште со најквалитетни алувијални почви кои се протегаат по текот на реката Брегалница, Масалница Кочанска и Злетовска река. Ридскиот и планинскиот дел главно е покриен со делувијални почви. Овие два типа почви алувијалните и делувијалните зафаќаат околу 90% од целокупната површина на рамниот дел од котлината. Останатите видови почви како црвениците, смолниците и други покриваат 10%. Алувијалните почви имаат добри хемиски физички и хидропедолошки својства и како такви влегуваат во редот на најквалитетни видови почви. Тоа се млади почви кои и денеска се создаваат и постојано се обновуваат со нови количини речен нанос. Содржат доста хумус, органоминерали, глини и биогени елементи. Најпогодни за обработка се оние кои имаат длабок физиолошки активен слој со подземни води на 1-2 метри. Проблем претставуваат поплавите бидејќи тогаш со нанесувањето на чист чакал и песок врз плодните алувијални почви се создаваат и неплодни површини.Кон вливот на Злетовска Река во река Брегалница алувијалнитењ почви преоѓаат во песокливо глинести. Истите лесно се обработуваат и даваат високи приноси на ориз и други житни култури.

Делувијалните почви се раширени по рабниот дел на полето. Се јавуваат во вид на наносни конуси меѓу рамното дно и повисоките ридови и планински терени.Во зависност од механичкиот состав може да бидат песокливи и глинести.Малку содржат органски материјали и се сиромашни со хумус. На нив добро успеваат житата, афионот бостанот, а доколку се наводнуваат погодни се за овоштарници и лозови насади. Смолниците во вид на појаси се јавуваат во подрачјето на селата бања, Спанчево и лепопелци. Настанати се врз езерски терциерни глини и вулкански туфови. Кога се наводнуваат набабруваат, но слабо пропуштаат вода. Тешки се за обработка, меѓутоа содржат доста хумус и се плодни. Погодни се за одгледување на нивски култури, а посебно на пченицата. На нив успеваат и некои индустриски култури како шеќерната репа, памукот, тутунот и афионот.

Хидрогените црници содржат најмногу глина над 30% и доста хумус, поради тоа доста личат на смолниците. На нив се одгледуваат нивски култури и ориз (с.Кучичино).

Источно од Злетовска Река околу Уларското Блато се јавуваат мочурливи-глејните почви, но само на мали површини. Планинските делови на котлината главно се покриени со кафеави шумски почви. На нив расте шумска вегетација и тоа букова и иглолисна шума. Во полјоделството се користат за одгледување на р’ж и компири, а од овошјето на нив успеваат сливата и јаболката.

Хидрографија

Река Брегалница тече по средината на полето и е главен реципиент во котлината. Во неа се влеваат сите речни текови од ова подрачје. Во Кочанската Котлина (во која голем дел зафаќа и атарот на општина Чешиново-Облешево) Брегалница навлегува кај с.Истибања тече кон југозапад кон с.Крупиште. Низ полето реката има рамнински карактер со просечен пад од 1,8%. Коритото и е плитко и непостојано често затрупувано со наноси на притоките и пороите што предизвикува излевање на водата и пополнување на околното земјиште. Поголеми притоки на Брегалница се Кочанска Река, Оризарска Река и Злетовска Река кои се влеваат од десната страна на нејзиното корито.Покрај нив постојат и помали рекички и потоци како на пример Спанчевска река, Банска река и други кои немаат изградено корито до Брегалница.

Кочанска река извира од јужната страна на Лопенската Била на Осогово во месноста Ретки Буки на надморска височина од 1.630м, а во Брегалница се влева над с.Чифлик на 295 м.н.в.Од Кочани до вливот тече како рамничарска река. Оризарска река извира под Царев Врв на Осогово на надморска височина од 1.510м, а во Брегалница се влева кај с.Теранци на надморска височина од 320 метри. До с.Оризари долината е клисуреста и е позната како Оризарска Река, а потоа низ полето до вливот тече како низинска река под името Масалница.

Име на реката Површ.на сливот во км2 Должина во км Просечен пад Пошуменост (%) Кочанска Река 198,0 34,0 39,3% 45 Оризарска Река 137,0 30,0 39,5% 50 Злетовска Река 460,0 50,0 — 25 Брегалница 4307,0 225,0 7,0% —

Полето на територија на општина Чешиново-Облешево се наводнува со води од вештачкото езеро „Калиманци“. Тоа се наоѓа на реката Брегалница во Овчипалско-Истибањската клисура, а е изградено во 1969 година. Браната е каменонасипна со глинено јадро, висока 92м. А долга 240м. Езерото е долго 14км., широко 0,3км. и длабоко 80м. Зафаќа површина од 4.23 км2 и акумулира 127м3 вода. Основната намена на ова езеро е за наводнување на околу 28.000 ха главно оризови полиња во Кочанската котлина но и на дел од обработливите површини во Овче Поле. За таа цел изградени се два главни канали од кои десниот има должина од 98 км и водата од ова езеро ја носи дури до Овче Поле, а левиот 36 км. Вишокот од вода се користи за производство на електрична енергија преку за таа цел изградена хидроцентрала со инсталирана моќ од 12,8 MW.

Руди и рудни богатсва