Анхалт-Цербст () — поранешен округ во сојузната покраина Саксонија-Анхалт, Германија. Се граничел со (од север надесно) окрузите Потсдам-Мителмарк (Бранденбург) и Витенберг, градот Десау и окрузите Кетен, Шенебек и Јерихов.

Историја

Додека денес Цербст е мал град, тој некогаш заедно со Десау бил еден од двата централни града на Анхалт. Кога државата Анхалт била распуштена во 1603, една од наследничките држави било кнежевството Анхалт-Цербст. Била мала држава со скоро никаква политичка моќ. Во 1793 година, линијата на принцови престанала и Анхалт-Цербст била припоена кон соседното кнежевство Анхалт-Десау.

Сегашниот округ бил основан во 1994, со спојување на претходните окрузи Цербст и Рослау со делови од поранешниот округ Грефенхајнихен. Неговите граници се приближно исто со старото кнежевство.

Катарина II од Русија била престолонаследничка на Анхалт-Цербст.

Географија

Анхалт-Цербст се состои од низини северно од реката Елба. Елба влегува во округот на исток, тече низ југоисточниот дел и потоа ја формира јужната и западната граница на Анхалт-Цербст. Бреговите на Елба во рамките на округот се дел од резерватот Средна Елба. На север се наоѓаат јужните делови на платото Флеминг.

Грб

100п|ГрбГрбот прикажува: горе лево и долу десно: три црвени рози, грб на поранешното кнежевство Анхалт-Цербст средина: црна мечка на црвен ѕид, симболизирајќи го Алберт I Бранденбург (наречен „Алберт Мечка“), кој владеел со областа во век горе десно и долу лево: хералдички орел на грофовијата Линдау, кое постоеле во областа во XIV век

Градови и општини

ГрадовиОпштински заеднициРослау ЦербстКосвиг (вкл. го градот Косвиг) Елба-Еле-Нуте (вкл. ги градовите Линдау и Лобург) Верлицер Винкел (вкл. ги градовите Ораниенбаум и Верлиц)

Поврзано

Кнежевство Анхалт-Цербст

Надворешни врски Официјална страница Карта на Саксонија-Анхалт во 1789

Категорија:Историја на Анхалт Категорија:Држави и територии распаднати во 2007 година