Концерт за труба е концерт за соло труба или ансамбл, обично оркестар. За првпат се појавува со развојот на соло концертот во барокниот период. Во репертоарот на концерти за труба учествуваат важни композитори од разни периоди. Едно од најпретставителните дела е „Концерт за труба во Е-мол“ од Јозеф Хајдн.

Традиционално ова е дело во три става, а современите понекогаш имаат по четири и повеќе става. Кај некои концерти, особено барокните и современите, трубата ја придружува камерен ансамбл наместо оркестар.

Некои концерти за труба Ова е список на позастапените концерти за труба што се дел од редовниот репертоар во разни земји.

Барок Јохан Себастијан Бах „Бранденбуршки концерт бр. 2“ Георг Фридрих Хендл „Концерт за труба во Д-мол“ Антонио Вивалди „Концерт за две труби во Ц“ Џузепе Торели „Концерт за труба во Д G.9“ Валентин Ратгебер „Концерт за две труби во Ес оп. 6 бр. 15“ Џеремаја Кларк „Свита во Д“

Класицизам Јозеф Хајдн „Концерт за труба во Ес-дур“

Михаел Хајдн „Концерт за труба во Ц-дур“

Јохан Непомук Хумел „Концерт за труба во Е-дур“

Леополд Моцарт „Концерт за труба во Д-дур“

Романтизам Амилкаре Понкјели „Концерт за труба во Ф“

Оскар Беме „Концерт во Ф-мол“ (изворно во Е-мол)

Современи

Александар Арутунијан „Концерт за труба во Ас-дур“

Вагн Холмбо Концерт за труба

Дјук Елингтон „Концерт за Кути“

Вилијам П. Пери „Концерт за труба и оркестар“

Поврзано Концерт за хорна Концерт за тромбон

Труба