Молекуларна машина или наномашина е секој цел број на молекуларни компоненти кои произведуваат квазимеханички движења (излез) како одговор на специфични дразби (влез). Овој израз најчесто се употребува како општ поим за молекули кои едноставно ги имитираат функциите што се случуваат на макроскопско ниво. Поимот е исто така чест во нанотехнологијата, каде се претпоставува постоење на низа сложени молекуларни машини за конструкција на наноасемблери. Молекуларните машини можат да се поделат на две пошироки категории: синтетички и биолошки.
Молекуларните системи способни да ја менуваат рамнотежата на хемиските или механичките процеси претставуваат потенцијална важна гранка на хемијата и нанотехнологијата. Бидејќи градиентот добиен од овој процес може да изведува корисна работа, овие типови на системи, по дефиниција, се пример за молекуларни машини.
Наводи
Категорија:Нанотехнологија