Бар (од грч. βάρος = тежина, притисок„бар“ - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет, симб. бар или bar) — единица за притисок еднаква на 100 килопаскали, и приближно еднаква на атмосферскиот протисок на морското ниво. Од барот се изведени единиците: мегабар (Mbar), килобар (kbar), децибар (dbar), центибар (cbar), и милибар (mbar/mb). Овие единици се вонсистемски, т.е. не припаѓаат на SI или СГС, но се прифатени за употреба со единиците на SI.. Барот наоѓа широка примена за изразување на притисок бидејќи е само за 1% помал од атмосферата (atm), која се дефинира како точно . Како единица е озаконет во земјите на ЕУ.Британски стандард BS 350:2004 „Фактори на претворање на единиците“

Барот и милибарот се воведени во in 1909 г. од британскиот метеоролог Вилијам Нејпиер Шо (1854-1945) како директор на Метеоролошката служба во Лондон (1907-20)Вилијам Нејпиер Шо

„Барг“ е единица на манометарот, и означува притисок во барови над амбиентниот или атмосферскиот притисок.

Дефиниција и претворање Барот се дефинира со SI-единицата паскал, имено: ≡ . Затоа, е еднакво на:

(барии)

Поврзано Атмосфера (единица) Паскал (единица) Атмосферски притисок

Наводи

Надворешни врски SI: Табела 8. Единици вон SI прифатени за употреба со едниците на SI Претворање од бар во други единици за притисок

Категорија:Единици за притисок Категорија:Единици вон SI