Фулсбител е урбан кварт во северниот дел на Хамбург, Германија во округот Хамбург-Норд. Познат е како место на меѓународниот аеродром Хамбург и место на затворот, кој служел како концентрационен логор во нацистичкиот систем на репресија.
Историја
thumb|left|200px|Влез на споменикот за кампот Фулсбител
Во 1871, со декларација на германското царство, селото Фулсбител било дадено на покраината Хамбург.
Концентрационен логор Фулсбител
На 4 март 1933, делови од затворот Фулсбител, првично изграден како регуларен затвор во 1879, станале подкамп на концентрациониот логор Нојенгаме[ Службен германски список ] три месеци по станување на Хитлер како канцелар на Германија (20 јануари 1933). Најпрвин, бил под команда на СА. Повеќето од затвореници биле комунисти, социјалдемократи и други политички соперници на нацизмот, Евреи, Јеховини сведоци, Роми, хомосексуалци и други од кои режимот гледал закана. Во 1936, Гестапо започнал да го води кампот, тогаш наречен Polizeigefängnis Fuhlsbüttel (полициски затвор). Над 700 луѓе биле интернирани во кампот за време на кристалната ноќ во 1938. Концентрациониот логор Фулсбител бил именуван и како акронимот KolaFu (скратено од Kozentrationslager Fuhlsbüttel) и станал синоним за репресија и смрт преку тешка работа. Фулсбител често бил почетната точка за затворање на затворениците, кои биле праќани во други кампови, како што се Бухенвалд, Естервеген, Нојенгаме, Равенсбрик или Заксенхаузен. Кампот бил ослободен на 3 мај 1945, во кој дотогаш веќе биле убиени над 250 луѓе.
Денес, постои споменик за кампот во близина.
Географија
Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Фулсбител имал вкупна површина од 6,6 км2.
Клима
thumb|200px|left|Климатска табела за Фулсбител, Хамбург, за периодот 1961 - 1990
Демографија
Во 2006, 11.890 живееле во квартот Фулсбител. Густината на население била 1.806 на км2. 14,6% биле деца под 18 години, а 20,5% имале 65 години или повеќе. 9,7% биле имигранти. 508 луѓе биле регистрирани како невработени.Биро за регистрација на граѓаните Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006) Во 1999, имало 6.768 домаќинства и 49,7% од сите домаќинства биле сочинети од еден член.Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
Според секторот за патнички возила (Kraftfahrt-Bundesamt), биле регистрирани 5.004 приватни возила во квартот Фулсбител (425 возила/1000 луѓе).Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
Има 2 основни училишта и 1 средно училиште во квартот Фулсбител и 26 лекари во приватни ординации и 5 аптеки.
Сообраќај
Фулсбител е опслужуван од метрото од линијата У1, со две станици, Фулсбител и Фулсбител Норд (порано наречена Флугхафенштрасе).
Од декември 2008, Фулсбител е опслужуван исто така и од градските возови со линијата С1, преку аеродромската железничка станица.
Познати згради
Света Богородица лутеранска црква
Наводи
Надворешни врски Историја на концентрационен логор Фулсбител Retrieved 29 март 2010 Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, службена страница. Retrieved 29 март 2010
Категорија:Четрти во Хамбург Категорија:Концентрационен логор Нојенгаме