Смилковци (офиц. Смиљковци) — село во Општина Гази Баба, во околината на градот Скопје.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Црногорија, во јужното подножје на планината Скопска Црна Гора, оддалечено 11 км североисточно од Скопје.

Историја Подрачјето на Смилковци е населено уште од римско време за што сведочат остатоците од населба во наоѓалиштето Смиљковце во селските ниви.

Смилковци не се сметало за одделно населено место сè до самиот крај на XX век, туку било маало на Црешево. Како посебно село за првпат е попишано во 2002 г.

На 12 април 2012, во атарот на селото, на брегот на Смилковското Езеро се случило грозоморното петкратно убиство.

Стопанство

Население

Според пописот од 2002 година, селото Смилковци има 345 жители, од кои 341 Македонец и 3 Срби и 1 останат.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 371 жител, од кои 348 Македонци, 2 останати и 21 лице без податоци.

Општествени установи мини|десно|Црквата „Св. Недела“ во Смилковци Црква „Св. Недела“ Црква „Св. 40 Маченици“

Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Смиљковце — населба од римско време

Наводи

Надворешни врски