Дуовата Пештера се наоѓа на југозападната страна непосредно под врвот Козјак на планината Бабуна. Сместена е на десната страна на скарстена суводолица, непосредно под врвот Козјак на надморска височина од 1670 метри. Формирана е во калцитски мермери. Се одликува со вкупна должина од 81 метар, а од украсите кои се во мал број, се издвојуваат сливовите во вид на топки. Била истражувана од ПСК Златоврв од Прилеп на 9 април 2006 година..
Во внатрешноста на пештерата постои извор наречен Дуова Вода, за чии води околното население верува дека се лековити, поради што постои обичај изворот да се посетуваат и од него да се полни вода на Духовден, поради што и самата вода и пештера е наречена Ду(х)ова. Во непосредна близина на изворот има повеќе глинени садови и шишиња, а во самиот извор има и голем број монети.
Во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија, македонскиот револуционер Ѓорче Петров, опишувајќи го врвот Козјак, запишал дека како и сите планини со варовнички состав, Козјак е многу богат со подземни пештери и пропасти, од коишто некои се полни со вода во дното. Попознати од нив се две: една на врвот (Дуова), друга по западната падина над с.Ореовец (Рамниште), при што втората е позната по исцелителната „Дуова Вода“ (вода на Св. Дух, затоа што на Св. Дух одат да се мијат од неа). По еден тесен премин влегуваш под земјата на 20-30 стапки и достигнуваш до една пештера на којашто карпите и се мокри и од нив во дното капе малку вода. Тоа е „Духовата Вода“.
Галерија
Наводи
Надворешни врски Галерија на слики Спелеолошки објекти во околината на Прилеп
Категорија:Пештери во Македонија Категорија:Козјак