Горно Ориште — археолошко наоѓалиште во струмичкото село Барбарево. Претставува населба со некропола од римското време и населба од доцноантичкото време.
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа во непосредна близина на селото.
Опис
На простор од околу 150 на 100 метри се среќаваат фрагменти од керамички садови, оштетени гробови и остатоци од топена руда. Оттука потекнуваат 150 монети од II век до IV век и керамички садови од III век. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Струмица.
Поврзано Црвено Поле — населба од римско време; Барбарево; и Список на археолошки наоѓалишта во Струмичко.
Наводи
Категорија:Барбарево