Пилат — археолошко наоѓалиште во Висока Маала, Општина Василево.

Претставува градиште од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 2,5 км северно од селото, крај левиот брег на реката Турија. Претставува висок рид што доминира над околниот терен. Сите страни му се стрмни, со исклучок на источната на која има ископан одбранбен ров. На зарамнетото плато на врвот се гледаат остатоци од темели на бедем граден од кршен камен и варов малтер. На источната страна ширината на бедемот изнесува 2 м.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Струмичко;

Наводи

Категорија:Висока Маала