Северноелпската евангелистичко-лутеранска црква () — протестантска црква во Северна Германија, која главно ги покрива површините на покраините Шлезвиг-Холштајн и Хамбург, каде е и најважна протестантска деноминација. Има 2,1 милион членови (до 2006) во 595 парохии, опфаќајќи 46% од населението во неговиот округ.
Таа е полноправна членка на Евангелистичка црква во Германија (EKD), Обединета евангелистичка лутеранска црква на Германија и Лутеранска светска федерација (приклучена 1977)]. Црквата е исто така членка на Заедница на протестантски цркви во Европа.
Историја
Северноелпската црква била основана во 1977 со спојување на четири поранешни покраински цркви:
Евангелистичка лутеранска црква во покраината Хамбург'' (); Евангелистичка лутеранска црква во покраината Либек (); Евангелистичка лутеранска црква на Шлезвиг-Холштајн; () Евангелистичка лутеранска црква на Ојтин (), која се изделила од Евангелистичка лутеранска црква во Олденбург и ја претставува поранешната Либечка епископија.
Именувана е по нејзината локација северно од реката Елба.
Познати градби
Најпознатите црковни градби се Катедрала во Шлезвиг, Катедрала во Либек и Свети Михаил во Хамбург.
Практики
Хиротонијата на жените и одобрувањето на истополовите бракови се дозволуваат.
Иднина
Северноелпската црква планира спојување со Евангелистичката лутеранска црква на Мекленбург и Померанската евангелистичка црква во 2012. Споената црква ќе биде наречена Евангелистичка лутеранска црква на Северна Германија.
Список на епископи
Округ Хамбург (седиште Црква Свети Михаил (Хамбург); од 2008, Хамбург-Либек) 1977 - 1983: Ханс-Ото Велбер 1983 - 1992: Петер Круше 1992 - 2010: Марија Јепзен 2011 - денес: Кирстен Ферс Округ Холштајн-Либек (седиште Катедрала во Либек) 1964 - 1981: Фридрих Хибнер, до 1977 г. епископ на Холштајн во Кил 1981 - 1991: Улрих Вилкенс 1991 - 2001: Карл Лудвиг Колваге 2001 - 2008: Бербел Вартенберг-Потер Округ Шлезвиг (седиште Катедрала во Шлезвиг; од 2008, Шлезвиг и Холштајн) 1967 - 1978: Алфред Петерсен 1979 - 1990: Карлхајнц Штол 1991 - 2008: Ханс-Кристијан Кнут 2008 - денес: Герхард Улрих
Наводи
Надворешни врски Северноелпска Евангелистичко-лутеранска црква (англиски) Евангелистичка црква во Германија (англиски)
Категорија:Шлезвиг-Холштајн Категорија:Религијата во Хамбург Категорија:Лутеранство во Европа Категорија:Членки на Светскиот црковен совет Категорија:Протестантството во Германија